10 совети за убав ден

1. Секое утро одвојте време за себе

Наместо да го местите будилникот подоцна и да правите “snooze“ по 5-10 минути обидете се да го наместите алармот порано, да полежите уште некоја минута, се истуширате и направите план за денот.

2. Појадувајте

Она што ќе го изедете за појадок ќе влијае на нивото на енергијата во текот на целиот ден. Житарици, корн флекс, јогурт, сок и кифлички – ќе ве заситат и ќе се чувствувате убаво. Ако немате време измешајте во блендер повеќе овошја и пијте ги во шишенце по пат накај работа.

3. Вежбајте

Возење велосипед, ролери, тенис, теретана, било што кое ќе ве испоти и ќе излачите ендорфин – хормонот на среќата, заради кој ќе се чувствувате енергично и позитивно.

4. Смеењето е лек

Гледајте хумористични серии или некоја комедија, дружете се со пријателите! Смејте се многу, често и секогаш!

5. Направете барем една досадна работа која ви виси на глава

Чистењето на собата, пеглањето, пишување извештаи – мачно, но мора да се заврши.

6. Сонувај, разбуди се, направи

Земете еден ден во неделата кога ќе можете да бидете сами и размислете каде би сакале да бидете за 5 години. Фантазирајте!

7Изберете нешто “додатно“ наместо нешто “задолжително“

Земете пауза неколку пати во денот, пијте кафе, поканете ги старите пријатели, прочитајте списание или едноставно јадете сладолед. Не размислувајте за гужвата која ве чека потоа.

8. Направете простор

Пред да си легнете во кревет повторно земете 15 минути. Не размислувајте за следниот ден и за обврските. Бидете како дете – сонувајте.

Image result for people laughing9. Опуштете се

Расправија со партнерот, незгоден разговор со шефот, грешка на работа – сето тоа е поминато заедно со денот. Одспијте и наутро сите проблеми ќе изгледаат помали.

10. Заблагодарете се

Секој ден завршете го со попис. Овој пат тоа нека не биде листата со куп обврски, туку благодарност за сето она што сте добиле и дале во текот на денот.
Тоа не мора да бидат големи нешта – заблагодарете се на тоа што сте нашле паркинг место или повик од пријателот. Секој ден списокот нека има 10 нешта.