15 „cool“ фрази за вашиот онлајн-речник

#BEDGASM – чувството на еуфорија што ве преплавува кога по напорен работен ден ќе легнете на кревет.

#MASTURDATING – состанок со „самиот себе“ во ресторан или во кино.

 #TEXTPECTATION – блеење во телефонот чекајќи ТОЈ или некој друг да ви испрати СМС.

 #CHAIRDROBE – столчето што ви стана нов плакар за чување на алиштата.

#CELLFISH – лице што дури и кога разговара со другите не го трга погледот на мобилниот, бидејќи „лајкува“ фотки на Фејсбук.

#NONVERSATION – конверзација што во самиот старт загубила секаква смисла.

 #ERRORIST – оној што постојано ја прави истата грешка и никако да се коригира.

#HIBERDATING – кога лицето што е во врска ги игнорира сите пријатели и ретко се дружи со нив бидејќи слободното време го користи само за уживање со партнерот.

 #AMBITCHOUS – женско лице што тежнее да стане поголема кучка отколку што е. Доволно кажано.

#YOUNIVERSE – назив за вистинските егоисти што мислат дека сиот свет се врти само околу нив.

 #COLUMBUSING – кога некој мисли дека открил нешто револуционерно, а тоа веќе постои со години.

#AFTERCLAP – лице што секогаш ракоплеска последно, кога аплаузот завршил.

 #DUDEVORCE – кога два пријатела официјално ќе го завршат пријателството.

 #BEERBOARDING – обид да се извлече информација од некого, но така што прво ќе го опиеме.

#EPIPHANOT – идеја што прво звучи извонредно, но подоцна излегува дека не е толку брилијантна, ниту лесно изводлива.