18 неизбежни лекции за животот… Практикувајте ги!!!

Во прилог се 18 неизбежни лекции кои секој треба да ги научи во текот на 20-тите години !

Image result for lifeЖИВОТОТ Е ВЕЌЕ ЗАПОЧНАТImage result for think light png

Нема пробен период, или некаква пауза во животот. Последиците од секоја ваша одлука имаат влијание само на самите Вас.

НА ВАШИТЕ ОНЛАЈН ПРИЈАТЕЛИ НЕ ИМ Е ГРИЖА ЗА ВАСImage result for think light png

Вашите онлајн (facebook, twitter…) пријатели не ги интересира многу вашиот успех, а исто така сигурно и не би дошле да ви помогнат кога ви е тешко. Најактивни се кога треба да се фаќа сеир или кога им давате повод за трачарење. Затоа бидете претпазливи.

ДОКОЛКУ СЕ ЗАЉУБИТЕ, БИДЕТЕ СПРЕМНИ ДА БИДЕТЕ ПОВРЕДЕНИImage result for think light png

Тешко е и може да боли, но секој треба да се избори со предизвиците на животот.

ВАШАТА ЕДУКАЦИЈА НЕ ЗАВРШУВА КОГА ЌЕ ДИПЛОМИРАТЕImage result for think light png

Знаењето е од клучно значење. Доколку не сакате да бидете прегазени од времето, продолжете да учите и бидете во тек со сите новости во вашата струка.

ЧЛЕНОВИТЕ НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО СЕ НАЈВАЖНИТЕ ЛУЃЕ ВО ВАШИОТ ЖИВОТImage result for think light png

Тие се единствените кои искрено се грижат за Вас. Искажете почит и однесувајте се добро кон нив.

ВАШИТЕ СЛАБОСТИ НЕ СЕ БИТНИImage result for think light png

Колку побрзо го прифатите тоа, подобро ќе биде за Вас. Единственото нешто што е важно се вашите позитивни карактеристики и силата која ја поседувате во нив. Затоа работете за да ги подобрите.

СЕ ШТО ВРЕДИ ДА СЕ ПРАВИ, ТРАЕ ПОДОЛГОImage result for think light png

Доколку имате цел, ќе ви треба подолго време одколку што мислите за да ја реализирате. Затоа е битно да не се откажувате.

СВЕТОТ Е ПОЛН СО НЕПРАВДИImage result for think light png

Постојат голем број на неправедни работи со кои што ќе треба да се соочите во текот на животот. Затоа, бидете спремни.

СРЕЌАТА ИМ ДОАЃА НА ОНИЕ ЛУЃЕ КОИ РАБОТАТ НАПОРНОImage result for think light png

Со исклучок на одредени индивидуи, добрите работи не доаѓаат со седење и жалење за тоа колку животот не е фер спрема Вас. Упорноста и работата се најголемиот предуслов за среќата да тропне на вашата врата.

НЕ ПОСТОИ СОВРШЕН МОМЕНТ ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ НЕШТОImage result for think light png

Доколку сакате да почнете да правите нешто, започнете веднаш. Не се залажувајте дека ќе дојде подобар момент, затоа што никогаш нема да дојде.

НЕ МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ СЕКАДЕ И ДА ИМАТЕ СЕImage result for think light png

Направете приоритети во вашиот живот, и посветете се редоследно на она што ви е најбитно на листата.

СЕКОЈ ЧОВЕК КОЈ Е ДЕЛ ОД ВАШИОТ ЖИВОТ ТРЕБА ДА ГО ПОЧИТУВАТЕImage result for think light png

Не земајте ги луѓето кои се дел од вашиот живот здраво за готово. Покажете им дека ги почитувате и го цените тоа што се ваши пријатели.

ИСКУСТВОТО И ЕМОЦИИТЕ СЕ ВАШАТА НАЈДОБРА ИНВЕСТИЦИЈАImage result for think light png

Традиционалните мерки на успех, како што се скапи автомобили и куќи – не се релевантни. Емоции, дружба со пријатели, интересни патувања, знаење итн. Овие работи ќе ве исполнат и ќе ве направат среќен човек во вистинска смисла.

ПОДОЦНА ЧЕСТО ЗНАЧИ НИКОГАШImage result for think light png

Не одложувајте ништо. Она што може да го направите денес, не го оставајте за утре. Живејте го моментот.

УСПЕХОТ ПРОИЗЛЕГУВА ОД УПОРНОСТАImage result for think light png

НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ!!! Останете посветени на вашите соништа. Тежок е патот за да ги остварите, но затоа кога ќе ја достигнете целта ќе ви се исплати.

ВЕЖБАЈТЕ РЕДОВНОImage result for think light png

Грижете се за вашето тело и здравје. Вежбајте редовно и одржувајте се во добра форма.

ВАШИТЕ НЕУСПЕСИ НЕ СЕ РАЧУНААТImage result for think light png

Само победите се бројат. Затоа не се плашете доколку од време на време доживеете неуспех.

НИКОЈ НЕМА ДА ВИ ПОМОГНЕImage result for think light png

Може и најбитната лекција!!! Што побрзо сфатите дека сами треба да се пробивате низ животот, тоа подобро. Треба да научите дека самите себе си сте најголемата поддршка.