20 идеи за започнување на бизнис за кој би добиле инвестиција

Во оваа статија даваме поглед на индустриите и областите кои најмногу имаат потреба од иновации или допрва ќе се развиваат. Овие идеи се споменати од Пол Греам по повод мноштвото проблеми во тимот Y Combinator (најпрестижниот старт-ап акселератор во светот).
Image result for start a businessСпоред Пол, старт-ап идеите кои имаат најголема шанса за финансирање се во една од следниве 20 области:
  • Енергија

Дури не ни сфаќаме дека во повеќе од 80% од секојдневните задачи користиме некој вид енергија, најчесто електрична енергија. Секакви иновативни старт-ап одлуки поврзани со намалувањето на производствената цена на енергијата, изнаоѓање на нови пристапни алтернативни извори и усовршувањето на веќе постоечките, се идеи на иднината кои би добиле поддршка.
  • Вештачка интелигенција

Во оваа сфера сеуште нема голем применлив напредок, но трендовите индицираат натаму. Идејата за вештачка интелегенција е импозантна, но и застрашувачка.
  • Роботи

Роботите веќе се користат во производството и воените дејства. Малку се примерите за роботи достапни за масовните корисници. Y Combinator верува дека во иднина роботите ќе бидат главен начин на кој ќе се вршат задачи во физичкиот свет. Има голема потреба како од софтвер, така и од хардвер.
  • Биотехнологијата

Можните правци за развој на оваа сфера се безбројни – борба против болести, забавување на стареењето, архивирање и превземање на меморија, генетско програмирање и други.
  • Здравство

Во многу земји, како во САД, здравството е исклучително скапо. Тука иновацијата треба да дојде од компании кои ги прават подостапни, а не поскапи. Посебно превенција  за справување со здравствени проблеми би се отплатило повеќекратно – работа со сензори, уреди, податоци, итн.
  • Фармација

Лековите треба да бидат разработени, произведени и пласирани во употреба многу побрзо и поевтино. Во моментов тоа е скап и временски процес. Фокусот треба да биде во лекови кои спречуваат појава на болести, а не лекови кои лекуваат веќе постоечки проблеми и болести во човечкото тело.
  • Вода и храна

Зголемената популација на земјата бара присуство на вода за пиење, производство и одгледување на храна. Старт-ап компанија која ги оптимизира достапните извори на храна или открива нови ќе спаси милиони животи. Истото важи и за водата. На пример, дестилација на морска вода во комерцијални размери, ќе биде голем чекор напред.
  • Образование

Ако успееме да го решиме овој проблем, се од оваа листа може да се постигне. Интернетот е голема сила што треба да се користи при иновации во образованието. Комбинација на скалабилни технологии кои опфаќаат поголема маса од луѓе со достапност на интеракција со учител е нешто од што се има потреба.
  • Интернет инфраструктура

Тоа вклучува секакви производи и услуги за онлајн безбедност, подобрување на серверите, нови начини за чување на големи количини на информации.
  • Владата

Дефинитивно компаниите кои обезбедуваат софтвер специјално за владини потреби не се многу. Владата е голем клиент кој не располага со добри софтверски решенија, а и таму циклусот за обновување на производите е постојан.
  • Виртуелна реалност

Веќе гледаме апликации на виртуелна и додадена реалност во игрите, но апликациите и  секојдневните производи се сеуште назад.
  • Наука

Областите во кои науката може да има примена се безбројни. Во денешно време само универзитетите и големите компании можат да си дозволат големи научни студии. Тие не се секогаш доволно ефикасни. Треба да има начин да се развијат независни лаборатории за истражување. Можеби преку crowdfunding?
  • Транспорт

Половина од енергијата која ја користиме е за транспорт, а и луѓето трошат огромна сума на времето во патување и движење од точка до точка. Бараат се побрзи, поефикасни и зелени начини за придвижување.
  • Програмирање

Тоа содржи во себе нови програмски јазици, начини за соработка меѓу програмерите, инструменти за тестирање и начини за стекнување на нови програмски вештини. Компјутерскиот свет има потреба од софтвер, а оваа потреба има стабилна тенденција да се засилува.
  • Холивуд 2.0

Филмската индустрија има потреба од иновации. Нови начини за избор на добри актери (пример: преку веќе постоечките YouTube канали), нови канали за дистрибуција на филмови (сè помалку луѓе гледаат проекции во кино, сега тоа го прават онлајн), итн.
  • Разновидност

Создавање на производи, услуги и процеси кои се користат од страна на поширок спектар на луѓе со различна возраст, етност, сексуална ориентација, култура итн . Таков пример би било образованието, работната средина или технолошките производи.
  • Земјите во развој

Многу производи и услуги не се достапни во земјите во развој, едноставно поради лошите транспортни и логистички услови или недостаток на флексибилност при плаќањата. Кина, Индија и Југоисточна Азија се развиваат секавично и растот на бруто домашниот производ во овие земји наскоро ќе го надмине оној на САД.
  • Софтвер за претпријатија

Како кај владите, софтверот за големи компании има потреба од иновација за да бидат во чекор со клиент пазарот. Автоматизација на процеси, автоматизирана комуникација со клиенти, поевтини решенија, споделување на искуства меѓу вработените на компанијата, сите овие идеи ќе му допаднат на еден инвеститор.
  • Финансиски услуги

Иновативни начини за инвестирање и заштеда на пари на располагање за луѓе од средната класа.
  • Телекомуникации

Покрај Skype и Whatsapp нема друг поголем пробив во начинот на кој зборуваме на далечина. Комуникациите можат да бидат побрзи, едноставни и достапни.