4 главни вида на презентации

public_speaking_philmckinney_com_filtered-e1376302961712

Без разлика дали зборуваме за обуки за продажба, за предавање на ГМО, за презентација на маркетинг, фундаментално презентациите си личат една на друга.

Во претходната статија дискутиравме за тоа како би изгледала една перфектна презентација. Денес сепак ќе зборуваме за видовите на презентации . Милионите презентации ширум светот можат да бидат класифицирани во посебни категории. Но ние ќе се задржиме на еден светски класификатор со три елементи, и си дозволивме да додадеме една плус.

Информативна

Повеќето презентации спаѓаат токму кон овој вид. Дури можеме да кажеме дека во нивната еволуција тоа скалило стои најдолу. Секој почетник презентер, речиси без да сфаќа се стреми токму кон овој вид, бидејќи тој смета дека функцијата на презентациите е претежно информативна и тоа е неговата улога како презентер. И е во право, тоа е една од основните функции, но далеку е од единствена.

Растечки вештини

Сите педагози ќе се согласат дека многу потешко е да се развиваат вештините кај ученикот отколку да му биде предадено знаењето. Вештини поврзани со академските, а потоа и со професионалните навики, се многу битни не само за развојот на поединецот, туку и за социјалната средина во која тој се наоѓа. Во едно време кога трудот бил главно рачен, имало многу работилници. Сега, кога работата е претежно интелектуална има многу тренинг центри кои ги развиваат интелектуалните вештини на учениците.

Мотивирачка

Една од најсложените улоги на презентерите е онаа улога на мотиватор. Потребни се вештини за задржување на вниманието, за раскажување приказни, харизматичност и глума. Мотивирачка презентација е онаа која доаѓа од срцето и е ретко производ на комерцијална цел. Се разбира дека има и такви кои служат за корпоративни интереси, но се гледа оддалеку кога слушаме нешто автентично и неизменето. Некои од овие случаи во историјата ги сменија судбините на цели индустрии, а други пак дури и на цели народи!

Пријатна / забавна

Ова е и додадениот дел од нас како четврти елемент. Дури и многу од искусните презентери кои ги изградиле своите дела врз застапениот модел во три елементи, пропуштаат нешто од суштинско значење – под еднакви други услови, ако човек може да се информира, развива и мотивира или пак да се информира, развива, мотивира и ЗАБАВУВА, тогаш природно дека ќе ја избере втората опција. Зависи од оригиналноста на презентерот и како ќе успее да ја дешифрира ситуацијата и да ја направи атмосферата на слушатели корисна и пријатна.