4 причини зошто зборувањето странски јазици може да ви обезбеди работно место

Можеби луѓето од Вашиот факултет мислат дека сте луди што посетувате курс за странски јазик или одбирате предмет на странски јазик како еден од изборните предмети на факултет, но бидете сигурни дека тие се оние кои губат, не Вие.

Image result for languages

Неодамнешни истражувања покажуваат како учењето странски јазик и искуството со патување може да претставуваат вистинска предност на пазарот на трудот. Зошто треба да учите што повеќе странски јазици?
Поголема заработка 
Полиглотите заработуваат повеќе од нивните колеги кои зборуваат само еден јазик. Според истражувањето направено во САД, оние кои зборуваат повеќе странски јазици заработуваат 7.000 долари повеќе од останатите вработени. Инвестицијата на учење втор странски јазик (или трети или четвртти) најверојатно ќе Ви се исплати во иднината.
Подобра положба 
64% од директорите и вработените на високо работно место во компаниите зборуваат повеќе од еден странски јазик. Доколку некогаш сакате да станете директор, зборувањето повеќе јазици може да Ви помогне да ја постигнете својата цел.
Бидете лидер 
Современите организации имаат голема потреба од лидери кои ефикасно може да работат во глобализирана околина. Патувањето за време на студиите и учењето друг јазик на компаниите и организациите им покажува дека сте културно-совесен граѓанин кој вреди во денешниот свет.
Имајте го тоа што другите го немаат
„The Wall Street Journal“ објавува дека течноста во јазиците, посебно кинескиот и шпанскиот, се чини дека е една од најкритичните способности кои се бараат од работодавците, но многу малку луѓе планираат да инвестираат во учењето јазик за напредување во кариерата. 70% од компаниите во САД бараат одлично знаење на шпанскиот јазик, а 40% бараат зборување на кинески јазик кога вработуваат нови луѓе.