4 работи кои ќе ти помогнат да ја пронајдеш целта во животот

Понекогаш се будиме со чувство дека нашиот живот е неисполнет. Тоа е сосема нормално, и може да има бројни причини да почувствуваш дека си го изгубил својот пат.
Постојат многу мали промени кои можеш да ги направиш што ќе те направат да се почувствуваш комплетен, ценет, и со цел во својот живот.
Image result for successful targetЕве 4 работи кои можеш да ги направиш за да ја пронајдеш смислата на животот:
  • Следи го своето срце не својата глава

Можеби се чувствуваш неисполнет или несреќен доколку си “ заглавен “ во работа која не ја сакаш, во која не уживаш. Поминуваш многу време на работа, а да се одвлечкаш од кревет за да работиш нешто во кое не уживаш навистина е бесцелно.
Твоето срце е твојот најсилен показател за твојата страст и она кон што целиш. Затоа, запрашај се што е она што те интересира и што сакаш да го правиш. Доколку го работиш она што те возбудува и исполнува тоа значи дека природно си повесел, мотивиран и го користиш целиот свој потенцијал.
Ако не сте одлучни во тоа што е она што го сакате, најдобро е да побарате мислење од луѓето кои ви се блиски.
Кога ќе се погледнеш себе си може да биде тешко и комплицирано да ги откриеш своите вештини и способности, но другите лесно може да ти ги кажат работите кои ги забележуваат кај тебе. Меѓутоа треба особено да се внимава до каде ќе ги следиме советите од другите, треба да ги ислушаме и да ги користиме како појдовна точка, останатото е на нас.

Related image“Седиштето на знаењето е во главата, a на мудроста, во срцето” – William Hazlitt

  • Направете сеќавање, после пари

Многу луѓе живеат за да работат, a всушност треба да е обратно, работиме за да живееме. Значи, не треба да заборавиме да живееме! Остави го времето на страна, и направи работи за себе, наместо целиот фокус да биде на твојата работа. Стани порано во деновите кога си слободен, излези и прави го она што ти го сакаш.
Запрашај се, кои работи сакаш да ги доживееш и постигнеш додека си жив?
Дали има нешто за кое што би зажалил доколку не го направиш во твојот живот?
Доколку на овие прашање имаш одговори, тогаш собери ги сите работи и стави ги на твојата листа со задачи и биди сигурен дека ќе ги направиш! Можеби сакаш да патуваш во некој дел од светот за кој цел живот сонуваш, да одиш на концерт на твојот омилен пејач, да се искачиш на планина, или пак да трчаш на маратон.
Related imageМожеби сакаш да започнеш со некое ново хоби или да стекнеш нова вештина, да нуркаш или скијаш, или да се соочиш со твоите стравови со bungee jumping, скокање на карпи или падобранство, или пак да го истражуваш светот. Поентата е, ако не ги направиш некои од овие работи додека си во можност, тогаш порано или покасно ќе биде предоцна.
  • Изгради врски (релации) а не материјално богатство

Можеш да го имаш најновиот модел на Iphone, најбрзиот автомобил, најголема палата, 10 викендички во најегзотичните дестинации, но ако немаш семејство и пријатели за тоа да го споделиш, ќе бидеш осамен и сето тоа ќе нема никакво значење.
Ќе живееш многу посреќен живот доколку го потрошиш своето време во градење на пријателства и одржување на односите со своите најблиски.
Зошто не престанеш да гледаш толку многу телевизија, или зошто си зависен од социјалните медиуми, наместо тоа, фокусирај се на правите луѓе околу тебе. Секогаш имај време за оние кои ти значат, семејството нека ти биде на прво место, но најбитно простувај и заборавај!
Иако квалитетот повеќе значи од квантитетот кога станува збор за пријателства, сепак треба да направиш напори за да ги негуваш односите со пријателите кои ги имаш, но и секогаш да има простор за нови пријателства.

Image result for relationships“ Средбата на две личности е како контакт на две хемиски супстанци : ако има било каква реакција, има простор за компромис (трансформација)” – Calr Jung

  • Не заборавај да им помагаш на другите

Иако е многу битно да го земеш она што ти го нуди животот, сепак важно е и да знаеш да помогаш и на другите. Инвестирањето во себе и во твојата иднина за да се обезбедиш на сите полиња во животот е клуч за успех, но еден од подобрите начини да се доживее среќата е помагајќи на другите тогаш кога им е потребно.
Прави добри дела без да очекуваш за возврат, и останатите ќе започнат да го прават истото. Дозволете им на другите да допрат до вас, дајте им до значење дека и вас ви значат.

Related imageОткако ќе започнеш да помагаш на другите, ќе почувствуваш дека нешто навистина си постигнал, нешто кое нема цена, нешто кое не се купува со пари, знаејќи дека си помогнал на другите ќе те натера да се почувствуваш по вреден човек и човек со цел во животот.