5 работи кои успешните луѓе ги прават пред 8 часот наутро

Утрото само што стана вашиот најдобар пријател. Без разлика на тоа дали го сакате или не, овие утрински часови може да се клуч до успешен и здрав животен стил.
Токму така, раното станување е честа карактеристика кај голем број извршни директори, официјални лица на владите како и други влијателни луѓе. Маргарет Тачер се будела во 5 часот наутро; Франк Лојд Рајт се будел во 4 часот наутро, додека Роберт Ајгер, извршниот директор на Дизни се буди во 4.30 часот наутро.
Според Inc.Magazine утринските луѓе се многу поактивни и повеќе продуктивни. Во прилог на тоа, здравствените придобивки се многубројни.
Related image
Во прилог се 5-те најчести утрински навики кои ги прават успешните луѓе пред 8 часот наутро.

1. Вежбајте

Повеќето луѓе кои вежбаат секојдневно, тоа го прават во текот на утрото. Без разлика дали станува збор за утринска јога или вежбање во теретана, вежбањето пред работа ја зголемува вашата енергија во текот на денот и со тоа ги завршувате работите по-ефективно.
Утринските вежби исто така ја елиминираат можноста да се откажете од кардио вежбите после напорниот и долгиот ден на работа. Доколку не сакате напорни вежби наутро, најдобро би било да направите 15 стомачни, и да го започните денот. На тој начин ќе го разбудите вашето тело и ќе се подготвите за останатиот дел од денот.

2. Направете го вашиот распоред

Максимизирајте го вашиот потенцијал со правење на вашиот распоред за текот на денот, како и вашите цели и работи кои треба да ги направите. Утрото е одлично време за ова и често е единствениот дел од денот кој е тивок, и во кој човек може да ги приоретизира своите активности.
Исто така, утринските часови дозволуваат непрекинато решавање на проблемите. Испланирајте го времето до детал, заедно со вашето време за пауза.

Related image3. Јадете здрав доручек

Сите знаеме да се напиеме едно кафе и веднаш да заминеме со празен стомак. По пат застанувате и купувате грицки или чоколатце. Сето ова е неправилна исхрана.
Издвојте време наутро за да го наполните вашето тело со здрава храна. Не само што доручекот е здрав за вас и за вашето физичко здравје, туку е и одлично време за семејна социјализација. Седнете и појадувајте со вашите најмили.

4. Визуелизирајте

Овие денови постојано се зборува за нашето психичко здравје, меѓутоа понекогаш нашето ментално здравје се занемарува. Утрото е одлично време кое можете да го поминете во тишина, фокусирајќи се на успехот кој ќе го имате доколку правилно го спроведите денот.
Дури и само една минутна визуелизација и позитивно размислување може да ви помогне во подобрување на вашето расположение.

Related image5. Направете една задача која подолго време ја планирате

Сите имаме една задача која постојано ја одложуваме. Ви нудиме лесен совет за да се спасите од стресот – направете барем една задача која подолго време сте ја планирале или пак која е на врвот на вашата листа.
Утрото е одлично време кога (генерално) се чувствувате одморени и нивото на вашата енергија е високо. Затоа сте подобро опремени за да се справите со потешките задачи. И гледајте на следниот начин – вашиот ден ќе биде прогресивно полесен, а не обратно.