6 веб страни кои нудат бесплатна едукација за програмирање

Доколку сте заинтересирани да научите програмирање, но немате доволно средства за да посетувате некои курсеви, во прилог се 6 веб страни кои нудат курсеви за кодирање и тоа бесплатно:

Image result for programming

  • CodeAcademy

Едно од најпопуларните места каде што може да научите програмирање е CodeAcademy. Всушност, повеќе од 24 милиони луѓе имаат научено како да програмираат посетувајќи го овој веб сајт. CodeAcademy имаат понуда од курсеви за: HTML, CSS, JavaScript, jQuery, PHP, Python и Ruby.

  • Coursera

Основана во 2012 година, Coursera прерасна во голема образовна компанија која има понуда од над 1000 курсеви. Додека, може да платите за одредени програми преку кои ќе добиете некако сертификат, исто така нудат и бесплатни курсеви за програмирање кои се користат во Универзитети како: Wahington University, Stanford University, the University of Toronto.

  • edX

edX е уште една водечка платформа за онлајн учење, која е open-source наместо платформа за профит. Основана е од Харвард и MИТ Универзитетите во 2012 година. Затоа може слободно да се каже дека сигурно не може да згрешите кога имате пристап до бесплатни курсеви креирани од Харвард Универзитет.

  • Udemy

Основана во 2010 година, Udemy е платформа која може да ви помогне да стекнете или да ги надоградите вашите вештини во струката на која се имате насочено. Додека има голем дел на курсеви за кои треба да платите, исто така има голем број на бесплатни курсеви за програмирање, кои се изучуваат како видео лекции.

  • GitHub

Понекогаш ни треба референца кога сме заглавени на некаков проблем. GitHub го нуди баш тоа. Може да најдете повеќе од 500 бесплатни книги за програмирање кои покриваат повеќе од 80 различни програмски јазици.

  • Khan Academy

Формирана во 2006 година од страна на едукаторот Салман Кан, Khan Academy е една од најоригиналните бесплатни онлајн едукации. Чекор-по-чекор видео туторијали кои ќе ве научат како да програмирате анимации и игри користејќи “JavaScript” и “ProcessingJS”, или како да креирате веб страни користејќи “HTML” и “CSS”