7 важни вистини кои ќе ви ја променат кариерата

Изненадувачки лесно е да ги изгубиме од вид важните работи во животот. Натрупаните полици и досадното секојдневие го поставуваат мозокот на автоматски. Ако сепак сте свесни за основните вистини за вашата кариера, сè ќе ви се чини далеку поедноставно и лесно.
Еве кои се тие според Entrepreneur.
1. Големите успеси често се проследени со падови. Грешките ви го поплочуваат патот кон постигнувањата. Едното не може без другото.
2. Тоа што си многу зафатен, не значи дека си многу продуктивен. Успешната работа зависи најмногу од фокусот и распределбата на времето.
3. Ти си толку добар / добра колку што е добро твоето опкружување. Опкружувајте се со луѓе кои ве инспирираат; кои прават да сакате да постигнете повеќе.
4. Го живееш животот, кој сам си го создал. Не, не си жртва на околностите. Сопствените избори и решенија се тие кои те довеле до таму каде што си.
5. Стравот е најголем извор на жалење. Некој ден ќе жалите не за неуспесите, туку за шансите кои не сте ги искористиле. Не се плашете од ризиците.
6. Не треба да чекате некој да се извини, за да му простите. Животот е многу полесен кога ќе се откажете од она што ве јаде. Негативните мисли ви штетат на самите вас. Омразата е паразит кој може да ве уништи.
7. Одредете која е вашата вредност. Кога чувството за задоволство ви доаѓа само од споредбата со други луѓе, значи веќе не сте господари на сопствената судбина. Не дозволувајте мислењето на останатите да ви го уништи тоа чувство. Самодовербата треба да доаѓа од внатре.