7 знаци кои водат до нервен слом

Многу е битно да сте свесни за знаците кои ви укажуваат дека може да доживеете нервен слом.
Спречете ги навреме, затоа што нема ништо побитно од вашето здравје. Исто така треба да ни е јасно дека со добро здравје доаѓаат и добри резултати.

Image result for nervous breakdown

ШТО ВСУШНОСТ Е НЕРВЕН СЛОМ?

„Нервен слом“ не е медицински израз ниту пак ментална болест, но може да укаже на сериозни здравствени проблеми како што се анксиозност и депресија. “Mayo” клиниката го дефинира нервниот слом како ситуација во која поединецот не може нормално да функционира поради преголемиот стрес.
Постојат физички, психички и емоционални предупредувања за овие епизоди, но не се толку очигледни колку што би помислиле. Обратете внимание на последователните знаци, особено ако имате повеќе од еден и траат повеќе од неколку денови.
Разговарајте со вашиот доктор за вашите симптоми за да ја добиете потребната помош и да почнете да се чувствувате подобро.

 

  • Не можете да се сконцентрирате.Image result for cant concentrate

Краткорочно, стресот може да ја зголеми работата на мозокот ослободувајќи хормони кои ја подобруваат меморијата и концентрацијата.
Но, хроничниот стрес го гори вашиот распон на внимание и ја загрозува вашата способност да се фокусирате на работни проекти или пак на околината додека возите автомобил. Според Универзитетот на Медицинскиот центар во Мериленд, прекумерни количини на стрес го испуштаат хормонот – кортисол, кој директно ја влошува вашата меморија.

 

  • Премногу јадетеImage result for overfeeding

Стресот предизвикува мозокот да испушта хормони, вклучувајќи го и адреналинот кој дава енергија на вашите мускули за „борба или бегство“. Откако ќе запре дејството на адреналинот, кортисолот му укажува на телото да ја надополни изгубената енергија со храна.
Високо-масни и високо-шеќерни задоволства го зголемуваат нивото на разни хемикалии во вашиот мозок и ве мамат привремено да се чувствувате подобро. Не сте сами.
Според добиените резултати од истражувањето спроведено над 3000 возрасни луѓе од страна на Американската Психолошка Заедница, потврдено е дека околу 40% се справуваат со стресот со јадење.

 

  • Стомачни проблемиImage result for stomach ache clipart

Стомачни болки и грчеви се често физички показатели на стрес и анксиозност. Ако забележите група на симптоми што вклучува стомачни болки, тврда столица, надуеност, гасови и дијареа, можно е да имате *синдром на нервозно дебело црево* којшто по нови истражувања е поврзан со анксиозност (но не и предизвикан).
Според Зружението за Анксионост и Депресија на Америка, од 50 – 90% од оние кои страдаат од IBS (Irritable Bowel Syndrom) синдромот имаат проблеми со менталното здравје, најчесто анксиозност или депресија.
Доколку се сомневате дека имате IBS синдром, ве советуваме да го консултирате вашиот доктор.

 

  • Не се грижите како изгледатеImage result for cheap looking person clipart

Ќе истурите кафе на вашата кошула додека одите кон работното место и воопшто не се трудите да го исчистите. Можеби ќе помислите дека сте само мрзеливи, но ваквиот став може да предизвика појава на посериозен проблем.
Како што знаеме, стресот ја намалува енергијата и се ви станува заморно. Ова најчесто е придружено со апатија. Како се влошува, се губи мотивацијата за активностите во кои сте уживале (вклучувајќи и облекувањето за на работа).
Докторите исто така укажуваат на тоа дека луѓето со одредени ментално-здравствени проблеми не обрнуваат доволно внимание на личниот изглед.

 

  • Неправилно држење на телотоImage result for bad position for sitting clipart

Во 2012 година, Универзитетот на Сан Франциско има спроведено истражување на 110 студенти кои биле замолени да одат згрбавено и отпосле да потскокнуваат. Целата група се согласила дека згрбувањето им ја одземало енергијата, додека потскокнувањето им ја зголемувала.
Депресивните студенти почувствувале дека нивната состојба се влошила кога тие се згрбавиле. Неправилното држење на телото може да биде предиспозиција на депресија, затоа обратете внимание на вашата седечка позиција на работа.

 

  • Осетливи на мирисиImage result for smelly clipart

Доколку забележите, поточно намирисате, дека нешто не е во ред со вашиот дом кој обично е беспрекорен, тогаш е време да го проверите стресот.
Според Универзитетот на Винсконсин-Медисон, кога луѓето на кои било извршувано истражувањето биле изложени на вознемирувачки материјал (како што се фотографии и текстови за сообраќајни несреќи или пак војни), нивните мозоци го помешале неутралниот мирис за нешто лошо и расипано.
Како што се зголемила анксиозноста, така се зголемил и интензитетот на мирисот. Истражувачите заклучиле дека лошата миризба ја зголемува анксиозноста, правејќи ги тест-субјектите нервозни.

 

  • Убедени сте дека нешто лошо ќе се случиImage result for bad luck clipart

Постојано сте загрижени за нешто, но не знаете точно за што? Огромен стрес може да ги зголеми вашите грижи повеќе од нормално.
Екстремната параноја исто така може да биде симптом на недијагностицирано анксиозно нарушување, особено ако вашите стравови ви ја нарушуваат работата и социјалниот живот.

Не му дозволувајте на стресот да ве победи. Борете се и не се предавајте.