9-те основни елементи на еден бизнис модел

hand-on-bm

Бизнис моделот едноставно кажано е начинот на кој даден бизнис оперира – Кои се изворите на неговите приходи; какви се трошоците; кои се клиентските сегменти; каква е вредноста која ја дава на своите клиенти, итн…

Бизнис моделот е начинот на кој секоја организација создава, дистрибуира и добива вредност, во економски, социјален и културен контекст.

Во овој напис ќе ве запознаеме со еден инструмент, кој се нарекува Business Model Canvas. Тој ги презентира 9-те основни елементи на еден бизнис модел + најважните прашања на кои треба да си одговорите за да ги одредите особеностите на овие елементи. Можете да ги споредите према карактеристиките на вашиот бизнис.

Откако ќе имате основно разбирање на она што е бизнис модел и како функционира овој модел, време е да почнете со изградба на својот прв бизнис модел.
За да бидеме уште поконкретни и корисни ви даваме објаснување на 9-те компоненти на еден бизнис модел, врзани со клучните прашања кои треба да ги запрашате.

Клиентски сегменти (Customer Segments)

  • За кого создаваме вредност?
  • Кои ни се најважните клиенти?

Вредност која бизнисот ја нуди (Value Proposition)

  • Која вредност им ја нудиме на своите клиенти?
  • Кои се проблемите на нашите клиенти кои ние ги решаваме?
  • Кои пакети на производи или услуги ги нудиме на секој клиентски сегмент?
  • Кои клиентски потреби ги пресретнуваме?

Односи со клиентите (Customer Relationships)

  • Кои односи ги очекуваат нашите клиенти?
  • Кои односи веќе сме ги утврдиле?
  • Како се интегрираат со останатите делови на нашиот бизнис модел?
  • Колку чинат?

Канали (Channels)

  • По кои канали сакаме да стигнеме до нашите клиентски сегменти?
  • Како доаѓаме до нив во моментов?
  • Кои канали се најефективни за својата цена?

Клучни ресурси (Key Resources)

Кои се клучните ресурси / средства од кои имаме потреба да создаваме единствена вредност; да ги изградиме нашите дистрибутивни канали; имаме ли извори на приходи?
Клучни активности (Key Activities)

Кои се клучните активности кои треба да се извршат за да се создаде единствена вредност; да ги изградиме нашите канали на дистрибуција; имаме ли извори на приходи?
Клучни партнери (Key Partners)

  • Кои се нашите клучни партнери?
  • Кои се тие ресурси кои ги добиваме од партнерите?
  • Кои се главните активности кои нашите партнери ги вршат?

Структура на трошоците (Cost Structure)

  • Кои се најголемите трошоци во целиот бизнис модел?
  • Кои “Клучни ресурси” се најскапи?
  • Кои “Клучни активности” се најскапи?

Извори на приходи (Revenue Streams)

  • Кои се начините на кои добиваме приходи?
  • За каква вредност нашите клиенти се подготвени да платат?
  • Колку плаќаат за слични производи / услуги во моментов?
  • Како плаќаат во моментов?
  • Како би сакале да плаќаат?

Она што го добивате преку Business Model Canvas е јасна структура, со која можете да одговорите на прашањата кои ги имате во врска со дејството на својот бизнис. Моделот се користи за поставување на основи на почеток на бизнис и за оптимизирање на големи компании.