Ако сакате да сте успешни ви треба способна жена!!!

Веројатно, во многу работи се обидувате да бидете добри, ако не и најдобри, без оглед дали станува збор за успех на работа, факултет или за некое хоби…
Image result for successful womanВеројатно и ја знаете онаа поговорка – зад секој успешен маж, стои успешна жена, а со текот на годините, многумина се уверуваат во вистината на оваа поговорка. Само немојте погрешно да го сфатите ова, тука не се работи за послушна или пасивна жена, туку за квалитетна.
Ако играте тенис, и ако таа е подобра од вас, или еднакво добра, ќе имате поттик да се трудите повеќе и така ќе ја усовршувате играта. Ако играте со некој послаб од вас, вашата игра ќе назадува. Така е со многу работи во животот. Способната жена покрај вас, ќе ви создава предизвици кои ќе ве поттикнуваат да бидете подобри.
Image result for strong womanСпособната жена ќе ве поттикнува да давате се од себе, бидејќи и таа самата знае дека тоа е возможно и во вас гледа потенцијал. Позитивноста и енергијата се заразни, така што ако таа работи повеќе и вие ќе имате волја за работа и добри резултати.
Иако, многумина ќе кажат дека не е мотивирачки ако жената е поуспешна од мажот, сепак новите истражувања го покажуваат спротивното.
Image result for successful womanОсвен на работа, слични се резултатите и на другите полиња, како здравата исхрана и вежбањето. Ако жената е активна, оди во теретана или на аеробик, и мажите често имаат мотив за одење во теретана.
Активната жена ги поттикнува вашите идеи, додека во спротивниот случај секој ваш предлог наидува на чудење и одговор „Добро ни е и вака“. Што не делува воопшто мотивирачки кај мажите.
Затоа, ако сакате за успешна кариера и активен живот, бирајте и такви жени (и обратно, за жените е исто така битно каков маж ќе одберат :).