13 бизнис тајни од Алберт Ајнштајн

1.„Лудост: правењето на истата работа повторно и повторно, очекувајќи различни резултати“
Избегнете ја лудоста на сиромашните резултати – Бизнис светот го потенцира експериментирањето, меѓутоа доколку она што го правите воопшто не функционира, доколку не сте задоволни со резултатите, немојте да ги повторувате истите пристапи и да очекувате различни резултати.
2. „Не можеме да ги решиме нашите проблеми со истото размислување кое сме го имале додека сме ги создавале“
Креативно решете ги проблемите – Доколку проблемите со кои се соочувате се вашата сопствена креација, време е да го промените вашето размислување. Доколку не успеете да го направите тоа, едноставно ќе ги искомплицирате проблемите.
Related image3. „Вистинскиот знак на интелигенција не е знаењето туку имагинацијата“
Искористете ја сопствената имагинација – За да бидете успешни во иднина, потребно е да гледате низ вашата имагинација. Вашата моментална ситуација ќе се промени со вашата промена гледајќи напред, меѓутоа за да бидете успешни морате да гледате над она што очекувате дека ќе бидете.
4. „Еден човек треба да го гледа она што е, а не она што мисли дека би требало да биде“
Бидете реалисти – Гледајте поблиску за емпирични докази. Она што се случува токму сега е реалноста.
Image result for albert einstein teaching clipart5. „Обидете се да бидете вреден, а не успешен човек“
Станете вредна личност – Ова има суштинско значење. Не е важно што правите, туку важно е колку добро го правите. Она што се смета е вашата личност. Доколку имате финансиски успех, искористете го успехот за да им помогнете на другите.
6. „Доколку не можете да објасните едноставно, тогаш не можете да го разберете доволно добро“
Научете како едноставно да го опишете вашиот бизнис – Доколку ви е тешко да го опишете вашиот бизнис, тогаш значи дека не сте го разбрале доволно, а доколку не го разберите доволно, никој друг нема да го разбере.
7. „Оној кој не направил грешка никогаш не се обидел нешто ново“

Не се грижете за грешките, само обидувајте се повторно – Грешките не треба да ве загрижуваат. Доколку не ги правите, тоа значи дека не работите доволно напорно.
Related image8. „Не е работата дека сум премногу паметен, туку тоа што останувам со проблемите подолго време“

Развијте упорност – Ајнштајн го поминал поголемиот дел од својот живот посветен на Теоријата на релативитетот. Потоа тој го започнал и неговиот втор амбициозен проект за универзалната теорија со која се борел секој ден се додека не починал
9. „Само живот кој се живее за другите е вреден“
Имајте повеќе грижа за другите освен за себе – Несебичноста е нешто неопходно за да бидете успешни во бизнисот. Во маркетингот на социјалните медиуми вие треба секогаш да ги ставате на прво место потребите и желбите на вашите клиенти, a не вашите.
10. „Мора да ги научите правилата на игра. А потоа мора да играте многу подобро од другите“
Научете ги правилата и работете напорно – Во социјалните медиуми морате да ги разберете целосно правилата за да можете да се ангажирате околу нив. Социјалните медиуми се едноставни, но не се лесни.
Related image11. „Откако ќе престанете да учите, започнувате да умирате“
Научете сè што треба да научите за учењето – Никогаш не престанувајте да го надградувате вашето знаење и базата на податоци. Секогаш има нешто што можете да го научите, нешто што драматично ќе ги подобри вашите шанси за успех.
12. „Компјутерите се неверојатно брзи, точни и глупави; луѓето се неверојатно бавни, неточни и брилијантни; заедно имаат моќ која не може да се замисли“
Компјутерот е неопходен – Без компјутерот ништо не би било возможно. Затоа, тој нека е вашиот пријател. Научете сè за него и вежбајте сè додека можете да правите повеќе работи на него.

13. „Доколку сакате да живеете среќен живот, направете го тоа ваша цел. Не треба да бидат цел луѓето или работите“

Среќата е во исполнувањето на вашите цели – Бизнисмените живеат за да ги исполнат своите цели. Исполнувањето на целта ќе го направи вашиот бизнис живот задоволство, ќе го намали стресот и ќе ве направи посреќни.