Бесплатни совети од најуспешните луѓе

Повеќето луѓе сакаат да успеат во својата работа и тоа е најнормалната работа на светот. Сепак, успехот не им се случува на сите, туку само на некои луѓе.
Експертите сметаат дека најуспешните луѓе на светот едноставно различно го гледаат животот и светот, а токму тие погледи им овозможуваат да се искачат на највисоката скала на успехот.
Image result for advice from successful peopleВо тоа сигурно им помагаат и добрите совети кои ги добиле од блиските луѓе. Некои од најуспешните откриваат кои совети им помогнале да напредуваат во кариерата.
Немојте да жалите за ништо – Овој совет,  познатиот бизнисмен и богаташ Ричард Бренсон, сопственик на „Virgin Group“ го добил од својата мајка.
Вели дека таа го научила многу работи, но овој совет се покажал за најдобар, бидејќи, како што вели никогаш нема корист од жалење за нешто во било кој аспект од животот.
Image result for jim kimСлушајте ги реакциите на својот тим Овој совет Џим Ким, престедател на Светската Банка, го добил од Маршалот Голдсмит, водечки авторитет на подрачјето на управување со човечки ресурси.
„Ако сакате да бидете успешен лидер, слушајте и со понизност прифатете ги реакциите кои ги добивате од секој работен тим. Луѓето околу себе морате да ги доживувате сериозно и не смеете да ги омаловажувате. Единствено така ќе успеете да стигнете до успехот“, тврди Џим Ким.
Related imageМожете да го остварите она што го сакате Овој совет ѝ го дал таткото на Марта Стујарт, најпознатата и најбогатата домаќинка на светот, кога таа имала само 12 години.
„Ми рече дека можам да го остварам она што го сакам доколку се посветам на нештото. Се покажа дека е вистина, барем во мој случај“, вели таа.
Кога сакате од некого нешто, дајте му нешто за возврат Дејв Керпен, извршен и главен директор на компанијата „Likeable Local“, овој совет го добил од таткото на неговата сопруга.
„Тоа е најдобриот совет кој некој може да ви го даде. Работите навистина така функционираат во бизнис светот. Поставете се како пријател. На оној кој сте му дале нешто, со текот на времето, ќе можете да му побарате нешто кое навистина ќе ви биде потребно“, вели Керпен.
Image result for dave kerpenСледете ги сопствените инстинкти Мајкл Мориц, претседател на компанијата „Sequoia Capital“, се држи до советот кој пред многу години му го дал основачот на познатата компанија.
„Овој совет не значи дека треба да ја игнорирате реалноста, но значи дека сите го имаме „она“ чувство во себе кое се обидува да нe одведе до некоја насока. Тој глас треба да го послушате, но исто така треба да направите добри анализи и припрема“, истакнува тој.
Image result for michael moritzНемојте да бидете перфекционисти Илја Позин, основачот на успешната компанија „Ciplex“, овој совет си го дал самиот себеси и тоа врз основа на сопственото искуството.
„Многу луѓе мислат дека мораат да бидат совршени, но јас мислам дека токму тука грешат. Никој не е совршен и тоа треба да го прифати, но токму од несовршеноста излегуваат чудата“, вели тој.
Related imageПоразите не се битни Николас Томпсон, уредник во угледниот „The New Yorker“, овој совет го добил од неговиот поранешен фудбалски тренер.
„Можеби звучи како утеха, но навистина не е. Поразите се составен дел од успехот и ни овозможуваат да научиме многу работи. После преживеаните порази, успехот е посладок и знаеме повеќе да го цениме. Така што, на поразите не треба да им се дава преголема важност“, нагласува Томпсон.
Image result for nicholas thompsonНемојте никогаш да покажете колку сте вознемирени Питер Губер, главен и извршен директор во компанијата „Mandalay Entertainment“ овој совет го добил од неговите колеги.
„Многу често на работа ќе се случуваат ситуации кои силно ќе ве погодат, но никогаш не го покажувајте тоа. Навикнете се дека ќе се соочувате со вакви ситуации. Вашите испади ќе предизвикаат проблеми и нема да ви помогнат ниту вас, ниту на вашиот тим. Контролирајте се и знајте дека секогаш постои решение“, вели тој.

Image result for peter gruber