Дигиталната валута Bitcoin троши повеќе електрична енергија од 159 светски држави!

“Рударењето” на најпознатата криптовалута троши неверојатно количество на електрична енергија, или колку да сфатите колку е точно тоа, како количество е многу, многу поголемо од количеството коешто Македонија како држава го троши на годишно ниво!
Секој нов Bitcoin се создава со решавање на комплексни криптографски проблеми, што се нарекува уште и “рударење”, а за што се троши значајно количество на електрична енергија.
Според објавата во британските медиуми, до средината на месец ноемри оваа 2017-та година, на рударење на Bitcoin-и е потрошено поголемо количество на електрична енергија отколку што на годишно ниво трошат 159 светски држави.
Истражувањето го објави британската компанија PowerCompare, којашто откри дека рударењето на Bitcoin парички за првите 10 и пол месеци за 2017-та година ја преминува годишната потрошувачка на 159 светски држави, помеѓу коишто се сите африкански држави, пренесува Business Insider.
Вкупната потрошувачка на енергија за создавање на криптовалути изнесува околу 29.05 TWh, додека потрошувачката на Ирска (годишно), на пример, изнесува 25 TWh. A помеѓу државите коишто трошат помалку електрична енергија годишно, отколку што тоа го направил Bitcoin за првите 10 и пол месеци се и Сирија, Куба, Северна Кореја, Грузија, Естонија, Кипар, Словачка и многу други.
Image result for bitcoin farms
Криптовалутата Bitcoin се рудари на моќни и брзи машини, со дефиниран хардвер, којшто е откриван постепено, како што приказната за рударењето растеше, а денес постојат и вистински “фарми со рудници” на оваа најпозната криптовалута ширум светот. Овие рудници се составени од точно одредени компоненти, способни да го рударат Bitcoin-от побрзо.
Моментално најголемите “рудари” се обидуваат да се засолнат во Кина, каде што цената на експлоатацијата на електричната енергија е најповолна во светот. Во Кина е моментално и најголема потрошувачката на електрична енергија, којашто е проценета на 5,920,000,000,000 киловат-часови на годишно ниво.