Бизнис лекции од доктор Хаус

Луѓето што се фокусираат на задачата и ја гледаат завршена – се поуспешни! Континуирана надградба и пракса е единствен начин да се избегнат грешките, но тоа не значи дека сте непогрешливи! 
Дисфункционален, детинест и зависен од Vicodin. Кон колегите, пријателите па и неговата шефица се однесува како да се пиони кои постојат само за тој да се забавува.
Но, тоа не е сè за Д-р. Грегори Хаус, а ниту најбитното за телевизиската серија која веќе неколку години воодушевува милиони гледачи. Покрај неговиот успех во решавањето на тешките случаи на професионален план, нешто може да се научи и од неговото однесување, пример – целосен фокус и предвремен поглед на успешно завршената задача. Во тоа често и грешат менаџерите.
Можат да ситничарат, да иритираат и да демотивираат. Но успешните знаат како да ги избегнат ваквите луѓе и да се фокусираат на најважното. Притоа, не треба да се заборави како секој има лоши денови, не судете им веднаш!
Клучот е во решавањето на проблемот – е една од пораките на Д-р. Хаус. Така е во менаџментот, а клучна е дијагнозата. Станува збор за елиминација, при што се започнува од предизвикувачот на проблемот.
Еден по еден да ги следи елиминација, додека сите останати продолжаат да бидат под надзор. Маркетинг, продажба, инжиниерство или организација – за нив и за многу други важи оваа техника, таа е дел од целокупниот успех!
– Ситни лаги за деловен успех!
Сите лажат – е една од често повторуваните реченици во серијата. Веројатно не сте изненадени, поголемиот дел од луѓето го прават тоа. Секој има свои причини и оправдувања, но ситните лаги се изговараат секогаш и секаде кога сакаме да избегнеме некоја задача што не ни е предизвик. Мудрите деловни луѓе знаат да ѕирнат и под површината и да ја проценат ситуацијата пред голема одлука.
– Целта ги оправдува средствата!
Д-р.Хаус ни покажа дека целта понекогаш ги оправдува средствата, но важно е да се запамети дека тоа е буквално понекогаш. Во критичните ситуации, кога станува збор за живот или смрт, се случува да се прекршат правилата, сè додека не го кршите законот и не правите нешто во спротивно на деловната етика. Таквите одлуки често ги мачат менаџерите.
Може мислите дека не сум во право, но тоа не е причина да престанете да размислувате, е една од изјавите на омилениот дијагностичар која важи за сите што работат тимски. Ако не верувате дека стратегијата од шефот ќе биде делотворна, можеби и сте во право. Задоволството кое човекот го чувствува кога ќе смисли решение ги поттикнува другите да размислуваат критички.
Д-р. Хаус додава: Сите прават глупости! Луѓето грешат, порано или подоцна некој ќе ја оплеска. Тоа не значи дека отказот или пониската позиција ќе го решат лапсусот. Но, доколку истата грешка често се повторува, мора да размислите – што со него?
Единствениот начин помалку да се греши е константно надградување и пракса. Д-р. Хаус покажа уште нешто, треба да се биде толку добар во тоа што го правите, вашиот работодавец без обѕир на тоа што правите да не сака да ве отпушти.
– Секоја идеја е драгоцена!
Кога и да заглави во решавање на случајот, Д-р. Хаус се консултира со тимот за сè и сешто. Притоа тие заедно го истражуваат, поставуваат прашања и го бараат одговорот на истите. Вложуваат заеднички напор и време. Идеите не произлегуваат од проблемот, нив им треба поттик!
– Не плашете се од грешки!
Лесно е да се рече дека Д-р.Хаус е секогаш во право – тој е најдобриот дијагностичар кој и од најобичен разговор прави животна лекција. Но – факт е дека пред да дојде на вистинската трага и постави дијагноза прави одредени грешки и пропусти. Така – секојпат учи нешто ново и го ѕида искуството.
Мудроста на Д-р. Хаус низ неколку реченици:
За креативноста: Не ми е гајле од каде потекнува идејата, сè додека има смисла.
За тежината на грешките: Грешките се толку сериозни, колку и последиците кои ги следат.
За меѓусебните односи: Да се сакаме сите еднакво, не би можеле да функционираме.
За потребата од критично мислење: Секогаш ми верувате, тоа е вашата најголема грешка!