Цитати за неуспехот кои ќе ве доведат до успехот

Никој не може да го живее животот без неуспех. Неуспехот е клучната состојка за рецептот за успех. Општеството денес е опседнато со успех и достигнувања, така што за нив неуспехот не е дел од равенката. Неуспехот и грешките се кријат и се гледаат како дел од човечката слабост.
Но, потребно е да знаете дека ако ги избегнувате грешките во вашиот живот, и ако се борите за сите работи да ги направите правилно, ако сте опседнати со совршенство, тогаш живеењеето и доживувањето на успешен и среќен живот, ќе биде нешто невозможно за постигнување.
Овие цитати ќе ви покажат дека човек прво треба да доживее неуспех за да стане успешен. Затоа, прегрнете го вашиот неуспех без разлика на тоа дали станува збор за еден или многу недостатоци, затоа што со правилниот став, ви се гарантира животен успех.
– „Никогаш не дозволувајте успехот да навлезе во вашата глава; никогаш не дозволувајте неуспехот да навлезе во вашето срце“Непознат автор
– „Само затоа што не сте успеале еднаш, не значи дека нема да успеете во ништо. Обидете се повторно, чекајте, и секогаш, секогаш верувајте во себеси, бидејќи ако не верувате самите, тогаш кој ќе верува?“ – Мерилин Монро
– „Секогаш го поминувате неуспехот на патот до успехот“ – Мики Руни
– „Неуспехот не е „паѓање“, туку одбивање да станете и да продолжите понатаму“ – Кинеска поговорка
– „Успешните луѓе не се плашат од неуспех. Тие разбираат што е неопходно да се случи за да пораснат и да научат“ – Роберт Киосаки
– „Плашете се повеќе од каењето отколку од неуспехот“ – Тарјин Роуз
– „Немојте да ме судите според мојот успех, туку според тоа колку пати паднав и повторно станав“ – Нелсон Мандела
– „Тајната на животот е да паднеш седум пати и да станеш осум“ – Пауло Коелјо
– „Повеќето успешни луѓе го одржуваат нивниот успех само на еден чекор над нивниот најголем неуспех“ – Наполеон Хил
– „Не е тоа неуспех; едноставно пронајдов 10.000 начини кои нема да функционираат“ – Томас Едисон
– „Во ред е да се слави успехот, меѓутоа уште поважно е да се научи лекцијата од неуспехот“ – Бил Гејтс
– „Единственото нешто што го одделува успехот од неуспехот е тој последен обид. Обидете се уште еднаш и ќе ви се посреќи“ – Непознат автор
– „Не се плашете од неуспех – туку од ниските цели, тие се злосторство. Во најголемите обиди, дури и е величенствено да се доживее неуспех“ – Брус Ли
– „Храброста овозможува успешната жена да не успее и да на учи моќни лекции од тоа. Така што, на крајот, таа воопшто не доживеала неуспех“ – Маја Ангелоу
– „Ако се плашите од неуспех, тогаш вие не заслужувате да сте успешни“ – Чарлс Баркли
– „Неуспехот е добар, се` додека не стане навика“ – Мајкл Ејснер
– „Само оние кои се осмелуваат да не успеат можат да успеат на големо“ – Роберт Кенеди
– „Не успеав да погодам повеќе од 9.000 шутови во мојата кариера. Изгубив повеќе од 300 игри. Над 26 пати ми била дадена доверба да го постигнам победничкиот шут, и јас не сум го направил тоа. Сум доживеал неуспех, повторно и повторно и повторно. Токму затоа сум успешен“ – Мајкл Џордан