Дали го поседувате рецептот за лидерство?

Тешко е, дури и невозможно да биде опишан рецептот за лидерство. Дури дефиницијата на овој збор би била прилично апстрактна. Лидерството се манифестира поединечно кај секој од нас, при тоа во различни области на животот – во личниот развој, во односите со другите, во работата, во развојот на сопствениот бизнис, и др.
Image result for leaderВажно е да се сфати дека лидерството нема никаква врска со тоа на каква професионална/бизнис позиција се наоѓаш, колку богат, колку пријатели имаш, колку силен или страшен изгледаш.
Со сигурност не можеме да дадеме план на тоа како се станува лидер, па решивме да покажеме препознатливи знаци кои според американскиот автор Наполеон Хил, сите луѓе кои се сметаат за лидери ги поседуваат.

1. Непоколеблива храброст

Врз основа на познавањето на самиот себе и на работата никој не би почитувал лидер на кого му недостасуваат самодоверба и храброст. Храброст во секој поглед – храброст да ја каже вистината, да се доживее и да биде пионер во дадено време, храброст да поверува на луѓето со кои комуницира и работи.

2. Самопроверка

Човекот кој не може да се контролира себеси, никогаш не може да ги контролира другите.” – Наполеон Хил. Самоконтролата дава силен пример на следбениците и интелигентните меѓу нив ќе го следат примерот.

3. Силно чувство за правда

Без чувство за праведност и чесност, ниту еден лидер не може да го добие вниманието и почитта од луѓето со кои комуницира.

4. Конечност на одлуките

Човекот кој се двоуми за своите одлуки, демонстрира дека не е сигурен во себе. Несигурните луѓе ретко ја добиваат довербата на другите.

5. Прецизност на плановите

Најуспешниот лидер треба да ја планира својата работа и да работи на својот план. Лидерот кој дејствува врз основа на претпоставки и без практични конкретни планови е како брод без кормило – порано или подоцна ќе се удри во карпите.

6. Навиката да правиш повеќе од она за што ти плаќаат

Едно од непријатностите на лидерството е потребата лидерот сам да манифестира желба и подготвеност да прави повеќе од она што се бара од своите следбеници.

7. Пријатен карактер

Невешт и несериозен човек не може да стане успешен лидер. Лидерството бара почит. Следбениците нема да го почитуваат лидерот кој не ги исполнува сите критериуми за “Пријатен карактер“.

8. Емпатија и разбирање

Лидерот треба да биде чувствителен кон своите следбеници. Покрај тоа, тој треба да ги разбира самите нив и нивните проблеми, да успева да се стави на нивното место.

9. Мајсторство во деталите

Вистинското лидерство бара мајсторство во сите детали на лидерската позиција.

10. Подготвеност за преземање на целосна одговорност

Силниот водич треба да е подготвен да ја преземе одговорноста за грешките и неуспесите, како и оние на своите следбеници. Ако се обидува да ја префрли оваа одговорност тогаш тој нема да остане водич за долго. Ако некој од неговите следбеници направи грешка и демонстрира неспособност, лидерот треба да прифати дека тој згрешил.

11. Соработка

Успешниот лидер треба да го разбира и применува принципот на заедничката работа и да умее да ги поттикнува луѓето кои го следат да го прават истото. Водството бара СИЛА, а силата бара СОРАБОТКА.

 


leadershipДали го поседувате тоа што е потребно да станете ЕФЕКТИВЕН и ЕФИКАСЕН лидер ? Размислете…