Дали Трамп може да го спаси Твитер?

Аналитичарите веруваа дека Доналд Трамп, кој често и се обраќа на јавноста преку Твитер, ќе ја зголеми популарноста на оваа социјална мрежа, меѓутоа ниту новиот американски претседател не успева да привлече нови корисници.

Image result for donald trump and twitter

Иако ужива голема популарност кај јавните личности, Твитер веќе подолго време се наоѓа во проблеми – приходите им се под очекувањата, а бројот на нови корисници е занемарлив.

Во последното минатогодишно тромесечје, оваа компанија има остварено приход од 717 милиони долари, што е зголемување за само 1 процент во однос на истиот период од минатата година, но таа бројка е помала од очекувањата на аналитичарите од The Wall Street.

Една од причините за падот на приходите е падот на бројот на огласувања – посебно во САД, тој пад изнесува 7 проценти, додека бројот на корисници во последното тромесечие скокнал за само два милиони и сега Твитер има 319 милиони месечни корисници. Станува збор за најслаб пораст на бројката на месечни корисници во однос на останатите квартали од минатата година.

Само за споредба, додека Твитер успеа да привлече скромни 2 милиони корисници, социјалната мрежа на Марк Цукерберг привлече дури 72 милиони нови корисници и Фејсбук е на добар пат оваа година да ја надмине бројката од две милијарди корисници.

Извршниот директор и еден од основачите на Твитер, Џек Дорси изјави дека иако моментално не се задоволни од растот на приходите и бројот на корисниците, ниту една друга компанија, ниту пак социјална мрежа има така големо влијание и важност како што има Твитер.

Целиот свет го следи Твитер“, порача Дорси, но сепак, иако тоа е точно и најголемиот број од “breaking news” вестите се објавуваат токму на Твитер и влијанието на социјалната мрежа е навистина големо, сепак, прашање е колку инвеститорите ќе имаат трпение.

Минатата година на големо се пишуваше за евентуалната продажба на Твитер, а како потенцијални купувачи се споменуваа гиганти како Google, Microsoft, Apple, Disney, Verizon и останати компании, но сепак на крај сите зделки пропаднаа.