Доволно пари за свој бизнис ?

Сите знаеме дека при лансирање на нов бизнис имаме потреба од парична инвестиција. Дали тоа ќе биде во форма на лични заштеди, пари позајмени од роднини и пријатели, надворешно финансирање од инвеститор или банкарски кредит, зависи од самиот претприемач, неговата цел и од каков тип е бизнисот.

Сепак, се повеќе луѓе мислат дека за лансирање на еден бизнис имаат потреба од многу повеќе пари отколку што всушност треба, наведувајќи ја токму оваа причина како главен мотив да не се обидат да остварат бизнис идеја.

Неодамна наидовме на една интересна инфографика, направена од “Funders and Founders” која илустрира со колку пари и од каков карактер (свои или позајмени) започнале едни од најуспешните светски компании.

Видете ги износите и направете заклучок за нивниот бизнис.enough-money-to-start-infographic

Поставете си го ова прашање: Колку пари ми се потребни за да започнам свој бизнис?

Тоа целосно зависи од природата и целите на бизнисот.

Ако сакате да започнете start-up во дигитална интернет сфера, кој забележа значителен раст за краток временски период, најголемите почетни трошоци ќе ви бидат поврзани со привлекување и одржување на добар тим, способен да го создаде производот. Влегувајќи во фазата на раст, претпоставуваме, сакате да постигнете значителен напредок во продажба на производот и базата на потрошувачи, сигурно ќе имате потреба од повеќе пари во зависност од потребите и целите кои сте ги поставиле.

Од друга страна, ако сакате да создадете мал бизнис, фазата на раст, која постои кај start-up-ите ќе отсуствува тука. За сметка на тоа првичните трошоци може да бидат поголеми од оние на start-up-от, особено ако станува збор за физички производ или објект.

Во било кој бизнис со кој ќе/се занимавате, најважниот елемент на кој треба да обрнете внимание е посебната вредност за вашите клиенти.

Среќно!