Државна администрација? Не благодарам !!!

Многумина сонуваат да ја остават работата во државна администрација, но стравот од непознатото, немањето на доволно храброст често може да биде пречка за започнување на нов почеток, нова страница во животот. Понекогаш неколку секунди те делат од слободата.
Image result for drzavna administracijaПред девет месеци, јас го направив тоа.
После повеќе од две децении поминати во државна администрација, го направив големиот “скок “ – излез од работа за да го посветам мојот живот на тоа што цело време ми го одземаше вниманието – пишување, зборување и предавање. Сега тоа е моја целосна преокупација и верувајте ми јас уживам во секоја минута помината во тоа.
Сега морам да ги споделам моментите од ретроспектива, кои се последица на мојот “скок“.
И ова не значи дека и вие треба да го направите истото, но верувајте дека ќе ви бидат од голема помош, каде и да сте, што и да работите.

Related image1. Две работи кои се смрт за нас : смртта и состаноците

Сега се е појасно. Толку многу потрошено време на состаноци, на минимизирање, микро – управување и што уште не.
Доколку би можел да вратам само четвртина од времето што го поминав на состаноци, би додал десет денари на цената на акциите.
Фаза на револт. Запрашај се која е целта на состанокот. Прашај дали тоа може да се направи преку е-пошта или само да се донесе одлука.

Image result for елем2. Ми недостигаат повеќето луѓе и ниту една од работите кои ги работев

Обврските понекогаш може да послужат како цел за нешто друго.
Луѓето со кои работиме, постојано ни даваат идеи, цели. Ох, да можам да го вратам цело тоа време поминато на некој досаден процес од работата и да го реинвестирам во подобрување на односите со другите.
Кога ќе се тргнеш од луѓето со кои си работел заедно и си се смеел, си поминувал време заедно, секогаш ќе се потсетиш на нешто.
Животот е врската со другите, односите кои ги градиш. Она што е важно на крајот се малите дневни инвестиции , поминатото време со другите луѓе.

3. Помалку битно е да ги импресионираш, најбитно е да оставиш впечаток

Во светот на државна администрација, лесно се троши премногу време грижејќи се за тоа како си поминал на состаноците, или што твојот шеф ( или неговиот шеф) мисли за тебе.
Сигурно имав многу такви моменти.
Но сега појасно од кога било, согледувам дека не се “рачуна” она што другите мислат за тебе.
Она што вреди е што тие кажуваат за тебе, од срце, кога никој не ги гледа. Каков вид на личност си ти? Каков впечаток им оставаш на другите?
Најди начин за да ги прошириш твоите хоризонти, да бидеш различен од другите.
Трагај по автентичност, не по одобрение за направеното.

4. Сите тие мали работи, навистина се мали работи

Толку многу се “ замараме “ со глупости. За работи кои едноставно не се битни.
Малиот “ удар “ од менаџерот, унапредувањето на твојот колега, најавениот итен состанок после работното време. Без разлика за што се работи, само потсети се, дека тоа е само една обична ситница во твојот прекрасен живот, не вреди подсвесно да влијае на тебе и твоето расположение.
Биди поразличен од другите, имај позитивен став, тоа е една добра перспектива за почеток на промените кај себе

5. Флексибилноста е токсична

За мене, напуштањето на државната администрација значеше работење во многу пофлексибилен распоред. Јас исто толку сум зафатен, но два пати попродуктивен.
Јас искрено мислам дека ако сеуште бев во конгломератот АД, ќе најдев многу пофлексибилен распоред за работа, 10 пати повеќе мотивирачки отколку огромното зголемување на платата.
Ако си шеф, биди храбар, верувај, и изнајди начини за да дојдеш до оваа моќ на флексибилноста. Ако си само вработен, барај!!

Image result for firms6. Моето присуство (концентрација) значи повеќе од подарок

Не мислам на ова егоистично.
Тоа што бев надвор од стресното административно опкружување, влијаеше на мојата интелигенција, станав порелаксиран, помалку преокупиран, и многу повеќе поприсутен и посконцентриран со другите.
Знам, лесно е да се каже кога веќе не морам да ги објаснувам лошите резултати на шефот во утринските часови и така да започне уште еден работен ден.
Но, она што морам да го признаам е дека не знаев да го оставам стресот на страна или да се ослободам од него и да продолжам да бидам сконцентриран со другите. Учете од мене.

7. Нема поголем напредок од чувството на предизвик и желбата повторно да растеш

Во мојата работа, обврските и предизвиците станаа повторувачки. Животот е полн со искушенија и предизвици, јас можеби бев во некој нејасен пат кој не можев да го реализирам, се вртев во затворен круг.
Мојот свет сега е пишувањето и зборувањето со полно работно време, настојувам да направам online курсеви, да предавам на универзитет, сето ова е ново за мене и ме полни со енергија.
Препорачај ја идеата за предизвици и растење, тоа е еликсир на радост!!

Image result for elixir of happiness8. Вашето здравје доаѓа на прво место

Работењето во државна администрација, често може да биде синоним за жртва, од ментален или физички вид.  Да инвестираш во твоето здравје значи како да плаќаш дивиденда во професионалниот живот. Здравјето и работата не треба да бидат меѓусебно исклучени. Ми требаше многу за да го сфатам тоа.
Благодарен сум на сето тоа што работењето во државна администрација ме научи и ми го овозможи. Се надевам сега ќе ја продолжам мојата еволуција на развојот.

Каде и да си, можеш да го сториш истото!