Основачот на Амазон стана најбогат човек на светот

Главниот извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос  во моментов е најбогатиот човек во светот. Со нето состојба од 90.6 милијарди долари Џеф Безос го надмина Бил Гејтс и го зазеде првото место на листата на најбогатите луѓе во светот, според „Real-Time Billionaire Rankings“ на „Forbes“.

Џеф Безос е веќе 3,1 милијарда долари побогат од Гејтс.
Акциите на „Амазон“ се зголемија поради добри финансиски резултати за третиот квартал од оваа година. Компанијата објави приходи од 43,7 милијарди долари, што е повеќе од очекуваните од аналитичарите – 42,1 милијарди долари. Синџирот со продавници за намирници „Whole Foods“ која „Амазон“ ја купи порано во текот на годината оствари 1,3 милијарди долари приходи за периодот.
Кога претходно овој месец „Форбс“ ја објави својата листа на 400-те најбогати луѓе во САД, Безос беше на второ место со 7,5 милијарди долари помалку од Бил Гејтс. Безос се приклучи за прв пат на овој список во 1998-ма година, една деценија откако „Амазон“ стана јавна компанија, со богатство од 1,6 милијарди долари.
Цената на акциите на Amazon се зголеми откако беше објавен новиот вртоглав приход на компанијата со што богатството на Безос се искачи на повеќе од 90 милијарда долари, земајќи му ја титулата најбогат човек на светот на Бил Гејтс.
Доколку цената на акциите на Microsoft се зголеми, а на Amazon се намали откако ќе започне тргувањето со акциите на берзата, Безос повторно би можел да се врати на втората позиција.