“Трите совети кои го променија мојот живот” – Џеф Винер, директор на ЛИНКЕДИН

„Гледајќи назад кон мојата кариера до денес, можам да издвојам најмалку три јасни влијанија кои засекогаш го одредија мојот правец во кариерата. Интересно е да се види колку различен контекст имаат овие влијанија: родителски совет, параграф од книга и упорен шеф. И покрај разликите, сите три нешта имаат нешто заедничко – покажување на битноста да знаете што сакате да постигнете и да бидете отворени кон надворешни сили за да го полесните патот до успехот. Ова се трите совети кои помогнаа да ја формирам мојата кариера.

Image result for jeff weiner

1. Може да направите сѐ што ќе му кажете на умот да го направи
Како дете, не можам да се сетам на еден ден каде татко ми не ми кажува дека може да направам сѐ што сакам. Тој го кажуваше тоа толку често што престанав да го слушам. Претпоставував дека тоа е еден од оние совети кои родителите ги повторуваат на децата постојано на своите деца. Дури децении подоцна целосно го ценев значењето на овие зборови.
Денес, најчесто прашање кое го добивам од студентите и работниците е како да ги постигнат своите цели. Колку и да звучи едноставно, кратката верзија на мојот одговор е дека мора да знаете што е она што сакате да го извршите (оптимизирајќи ја страста и способноста, а ниту едно не може без другото). Штом го направите тоа, ќе започнете да го манифестирате на имплицитен и експлицитен начин.  Овој принцип дефинитивно беше најпостојан двигател на мојата кариера во последниве 20 години.
2. Сѐ што може да биде претворено од атом во дел, ќе биде претворено.
Изразот го забележав во книга за дигитализацијата од 1994 година. Книгата е на Николас Негропонте, кој зборува на темата за дигиталната револуција.  Наскоро, се укажа можност за пишување на првиот онлајн бизнис план за Варнер Брос, каде волонтирав. Првата верзија од онлајн планот беше завршена за два месеци. По повеќе месеци тој ќе биде одобрен и тогаш почна мојата кариера во дигиталните медиуми.
3. Дали сакаш да ги преместуваш извештаите наоколу или сакаш да изградиш производи кои ќе ги променат животите на луѓето?
Во Јаху започнав да работам во мај, 2001. Влијателната положба на Јаху во дигиталниот екосистем ми обезбеди место во првиот ред за периодот на неверојатни трансформации во веб индустријата. Околу година подоцна, Ден Русенсвајг му се придружи на тимот на Јаху. Тој е еден од најефективните продавачи кои ги знам, како и искусен веб оператор. Ова го научив веднаш откако тој се обидуваше да ме префрли во оперативниот дел од неговиот тим. Иако учтиво одбивав секој пат, тој никогаш не престана да биде упорен.
Една година откако тој пристигна, ми кажа: „ Џеф, секогаш ми зборуваш дека твојата животна амбиција е да го реформираш образовниот систем во САД. Дозволи ми да те прашам нешто: Мислиш дека ќе бидеш подобро подготвен да го направиш тоа со преместување на извештаи наоколу, работејќи на стратегија и правејќи договори, или со префрлање во оперативниот дел и градејќи тимови, инспирирајќи луѓе и развивајќи одлични производи кои ги променуваат животите на луѓето?“
Нема потреба да се каже дека го прифатив работното место и никогаш не погледнав назад.“