Патот до успехот на Елон Маск

Елон Маск е роден во 1971 година во Јужна Африка, во време кога на вселенската трка и` се ближеше крајот.
Се чини дека ги пропушти најдобрите моменти – можеби токму тоа го поттикна да ги потроши неговите милијарди на тоа да го доведе човештвото во иднината.
Маск го добил својот прв компјутер „Commodore Vic-20“ кога имал 10 години, а 2 години подоцна тој веќе ја продал својата прва игра програмирана во BASIC, за 500 долари. Сепак се не било брилијантно, бидејќи доживеал исмевање на училиште.
„Го натераа мојот најдобар пријател да ме донесе за да можат да ме истепаат. И тоа навистина ме болеше. Поради некоја причина одлучија дека јас сум тој што ќе биде исмеван и постојано ме следеа. Поради тоа детството ми беше тешко“.
Дури и на факултет се гледало дека размислува на големо. Ќерката на еден од неговите вработени се сеќава кога го сретнала за прв пат на забава од факултет.
„Мислам дека втората реченица од неговата уста беше: Размислувам многу за електрични автомобили. Потоа ми се сврти мене и ми рече: Дали ти размислуваш за електрични автомобили?“
Image result for elon muskИстата година Маск ја основа својата прва компанија „Zip2“, онлајн издавачка компанија која им помагаше на старите медиуми да се пробијат на интернет. 4 години подоцна компанијата беше купена од „Compaq“ и „AltaVista“, а Маск заврши со 22 милиони долари.

Годините со PayPal

Следниот негов потфат беше како еден од ко-основачите на компанијата која подоцна ќе стане „PayPal“. Во тие денови интернетот беше страшен и нов, „eBay“ беше еден вид на феномен – нов пазар создаден за купувачи и продавачи од целиот свет.
Но, имаше еден проблем. Како да и веруваме на личноста на другиот крај на компјутерот? Ако испратиме плик полн со пари, дали тие вистина ќе ни го испратат производот што го ветиле?
Image result for elon musk and paypalГенијалноста во „PayPal“ беше тоа што не бараше споделување на податоци од банката. Наместо тоа, корисниците испраќаат пари на оваа сметка, и таа дејствува како посредник, преку користење на е-маил адреса.
Како што веќе знаеме, ова беше доста успешно и подоцна го купи самиот „eBay“ за 1.5 милијарда долари во акции, со што Маск доби 11.7% од акциите, односно 165 милиони долари.
Без сомнение Маск беше успешен бидејќи беше многу талентиран, меѓутоа се чинеше дека и не е многу забавно да се работи со него.
Неговата мајка се сеќава: „Тој навлегува во неговиот мозок, а тебе ти се чини како да влегува во друг свет. Го оставам бидејќи знам дека дизајнира нешто како нова ракета или слично“.
Маск работел доста напорно. „Ако постоеше начин да не јадам за да можам да работам повеќе, не би јадел. Посакувам да имаше начин да внесуваме хранливи материи без да мора да јадeме“.

Image result for elon muskКога вработените се пожалиле дека работат долги часови, тој им велел дека можат да си ги видат семејствата тогаш кога компанијата ќе банкротира.

 Успехот понатаму

Со двете успешни интернет вложувања, што тој направи следно? Наместо да игра на сигурно и да вложи во веб страна, во 2001 тој направи неверојатна одлука и рече дека ќе „игра„ со ракети – така ја основал „Space Exploration Technologies“ која подоцна стана позната како „SpaceX“.
„SpaceX“ се покажа како доста успешна – тој вршеше доста добра работа. Го насочи вниманието на пофундаментални проблеми со тоа што ракетите ги направи поевтини и поприфатливи.
Image result for elon musk space xЗа 5 години новата компанија веќе склучуваше договори со НАСА за да изгради нови возила, а од 2015 година веќе редовно се лансираат беспилотни мисии до Меѓународната вселенска станица.
Неверојатно е тоа што тука не завршува приказната на Маск. Во 2003 година тој ја ко-основа компанијата „Tesla Motors“ и од тогаш се погрижи електричните автомобили да изгледаат одлично.
Image result for elon musk teslaЗа милион возачи повеќе не е интересен големиот гласен мотор туку „Tesla Roadster“. Додека „Tesla Model S“ се`уште е возило за најбогатите во општеството, Маск неодамна изјави дека неговата цел е да созаде електрични автомобили кои ќе се продаваат за помалку од 30.000 долари.
Денес Елон Маск вреди над 17.4 милијарди долари и е на чело на две богати компании кои потенцијално би го промениле светот. Јасно е дека за Маск и особено „SpaceX“, ниту небото не е граница.