Icaros – Фитнес справата на иднината

Во иднина можеме да очекуваме се повеќе уреди и справи кои што ќе го комбинираат фитнесот со модерната технологија, а токму Icaros.

Еден од најинтересните уреди кои што беа претставени на овогодишниот саем на потрошувачка електроника беше и Icaros, справа за вежбање, играње и сиумулација на летање со помош на технологијата за виртуелна реалност.

За вежбање може да се користи само справата која што помага во јакнењето на мускулите, подобрувањето на координацијата и слично, но со ставањето на очилата за виртуелна реалност, Icaros се претвора во уред за симулација на летање и гејминг, при што со движењата на телото се управува со летањето низ виртуелните пејзажи.Новинарите кои што ја тестираа оваа справа ги пренесуваат своите први впечатоци, а Mashable пренесува дека на почетокот било тешко да се навикне на неа, а исто така изгледа и малку чудно. Сепак, кога корисникот ќе се навикне на неа, таа станува доста забавна за користење – нешто како фитнес справа од научно фантастичните филмови.

Треба да се напомене дека ова не е сосема нов производ затоа што истиот е достапен на пазарот веќе одредено време, а сите оние кои што сакаат да уживаат во оваа фитнес справа која што исто така може да симулира и летање, ќе треба да издвојат 8 илјади долари.

 

 

 

 

 

 

Со оглед на тоа што се повеќе компании вложуваат огромни пари за развој на виртуелната технологија и уредите за фитнес (првенствено паметни часовници и нараквици за следење на фитнес активностите), може да се очекува дека во иднина ќе видиме што повеќе справи за вежбање кои што ќе го комбинираат класичниот фитнес со модерната технологија, односно технологијата за виртуелна и проширена реалност.