Генијалци кои го променија светот пред да наполнат 30 години

Американскиот магазин „Time“ ги избра најуспешните млади луѓе кои со својата иновативност го променија светот во полето на технологијата, науката, културата, образованието, спортот…

Image result for leaders that changed the world before 30

1. Брендон Стентон (29)

Брендон е творец на еден од најпопуларните блогови „Humans of New York“, а неговата истоимена компилација на фотографии стана бестселер на магазинот „New York Times“. Идејата за топлите човечки приказни кои овој уличен фотограф ги овековечи со фотоапарат биле преземени ширум светот.

2. Еленор Кетон (28)
Еленор е од Нов Зеланд, но родена во Лондон, ја освоила престижната награда „Man booker“, награда за книга инспирирана со фантастиката од 19 век – „The Luminaries“. Со тоа стана најмладата писателка која добила ваква награда, а нејзината книга од 832 страни, воедно е и најдолга книга која добила ваква награда.

3. Шиза Шадид (24)

Шиза Шадид е извршна директорка на компанијата „The Malala Fund“ која ја основала со колешката Малала Јусафзаи, пакистанската активистка која преживеала атентат од Талибанците поради јавната кампања за правата на девојките на образование.

4. Теми Тибетс (27) 
Претседателка и основач на „She’s the first“, Теми е страствен поборник за подигнување на свеста на целиот свет за земјите за развој, поддржувајќи го образованието на девојките и жените. Од самото основање во 2009 година, таа им помогна на стотина девојки во повеќе од 100 земји за да станат први во семејството кои стекнале средно образование.

5. Кристен Титус (29)

Извршната директорка на проектот „Girls who code“, Кристен Титс, се залага за полова рамноправност во врска со програмерите во IT светот, и смета дека и жените може да бидат и тоа како добри програмерки.
6. Лесли Деван (28)

Лесли го создаде „Waste-Anhilating Molten-Salt Reactor“ кој ги користи отпадните материјали како гориво, а истото може да има големо влијание на енергетскиот сектор. Иновативниот дизајн кој Лесли го смисли со колега, кои наскоро треба да дипломираат на Масачусетс Институтот за технологија, комбинира нуклеарни материјали со растопена сол за да произведе реакции и намалување на отпадот.

7. Ен Макосински (15)
Ен го измисли „The Hollow Flashlight“ и со тоа победи на „Google Science Fair“ во натпреварот за дизајн во 2013 година. Со користење само на топли дланки за енергија, оваа канадска тинејџерка создаде светилка која може да произведува непрекинат сноп на LED светлина која е постојана 20 минути.

8. Даниел Фонг (26)
Даниел е основач на компанијата „LightSail Energy“. Станува збор за систем за складирање на компримиран воздух, проблем со кој се соочуваат ветерниците и соларните централи во отсуство на енергија, ветер или доколку е мрак.

9. Вилијам Камквамба (26)

Од 14 години, Вилијам ги дизајнирал и изградил ветерниците преку користење на старо железо кое создавало електрична енергија и носело вода во неговиот дом во селото Малава.

10. Фред Ехрсам (25)
Фред го напуштил Вол Стрит за да стане еден од основочите на системот за интернет плаќање „Coinbase“, со мисија за создавање на виртуелна валута – Биткоин.

11. Вителма Т Ортиз Вокер Петигрју (24)
Вителма поминала 18 години како сираче, преживувајќи сексуално малтретирање, неуспеси од вдомувањето, групни домови и здравствени установи, но и покрај тешкото детство таа развила платформа за да им помогне на другите.

12. Александар Меклин (28)
За време на престојот во Уганда како студент на универзитетот во Нотингем, Александар бил сведок на сиромашните услови на затворениците и развил идеја за подобро уредување на нивните објекти – „African Prisons Project“. До денес овој проект обновил голем број клиники, изградил библиотеки и развил образовни програми во затворите ширум Уганда, Кенија и Нигерија.

13. Езра Клајн (29)
Езра Клајн денес е дел од интернет весникот „Washington Post“. Таа била првиот политички блогер во 2009 година со што станала најпопуларната самостојна блогерка.

14. Лауренлен МекКан (26)
Лауренлен е извршна директорка на радио емисијата „The Good Fight with Ben Wikler“ која е хибрид меѓу радио емисијата „This American life“ и емисијата на духовитиот американски водител Стивен Коблер.
15. Вивиан Граубард (24)
Вивијан е советник на главниот технолошки директор во Белата Куќа, во новото одделение кое Обама го основал за да ја подобри државната употреба на технологија.

16.Теди Гоф (28)
Гоф бил водач на групата за дигитална стратегија која е заслужна за двојното избирање на претседателот Обама на изборите така што ја поврзал политичарската публика на интернет.

17. Кристен Солтис Андерсон (29)
Како потпретседателка на „The Winston Group“, републиканска анкетна и консултантска компанија, Андерсон е поборник за користење на нов вид на податоци за оценување на јавното ммислење.

18. Артур Занг (26)
Овој инженер го измислил медицинската таблет кој би можел да спаси животи ширум рурална Африка. Неговиот изум „Cardiopad“ им овозможува на пациентите во оддалечени и рурални подрачја да направат прегледи и да добијат безжично резултати.

19. Лудвик Маришане (23)
Лудвик развил антибактериски и био-разградувачки гел за чистење на лицето и телото за чијашто употреба не е потребна вода. За жителите во селото од неговата земја Јужна Африка, каде што е тешко да се пронајде вода, се работи за и тоа како значаен изум.

20. Џек Андрака (16)
За него често се прави споредба со Стив Џобс и Марк Цукерберг, дури и пред да заврши средно образование. Овој тинејџер измислил дијагностички тест за тумор на панкреасот кој може да игра голема улога во трката со лекот против оваа опасна болест.

21. Британи Вагнер (19)
Британи во 2012 година ја освои главната награда на Google за наука, за својата идеја за „вештачки мозок“ за да го открие ракот на дојката преку едноставна постапка која може да биде подобра и од моменталната процедура на биопсија.

22. Тејлор Вилсон (19)
Вилсон разви евтин детектор за радијација за користење во борбата против тероризмот, но исто така спровел истражување на темел на медицински изотоп за лекување против ракот.

23. Ронда Русеј  (26)
Ронда е првата жена во историјата која е новото лице на „Ultimate Fighting Championship“. Во историјата на UFC оваа година таа ја победи Лиз Цармуш. Посебна е и по тоа бидејќи е заштитно лице на комерцијалните кампањи благодарение на нејзините атлетски вештини.

24. Паркер Лиаутауд (19)
Поларниот истражувач и студент на Универзитетот Јеил, скијал се до Северниот Пол дури три пати за да истражува и да го насочи вниманието на јавноста кон климатските промени. Неговиот план е да постигне рекорд во неговото патување на Северниот пол пред неговиот 20 роденден.

25. Џемјс Бешар (27) и Калид Хусеин (29)
Интернет страната „Crowdtilt“, основана во 2011 година од страна на овие двајца млади луѓе го привлекува вниманието поради фактот што овозможува собирање на средства на поедноставен и поприватен начин.

26. Еван Спигел (23) и Боби Марфи (25)
Овие двајца студенти на универзитетот Стенфорд го измислиле „Snapchat“, сервисот за размена на фотографии. Се претпоставува дека ја одбиле поудата на Фејсбук вредна 3 милијарди долари.

27. Мет Муленвег (29)
Софтверот за „Open-Source“ веб страната ја измислил Мет уште како студент на факултет. Денес ова е еден од најкористените системи на интернет.

28. Кевин Систром (29)
За само три години, неговиот „Instagram“ порасна во една од најпопуларните апликации за размена и објавување на фотографии, а неодамна е купена од Фејсбук.

29. Нејт Вајнер (29)
Апликацијата „Pocket“ која денес брои и до 10 милиони корисници ширум светот, овозможува најдобра услуга за сите оние кои сакаат да зачуваат одредена содржина на повеќе платформи.

30. Мајкл Б.Џордан (26) и Рајан Куглер (27)
Џордан станал познат по улогата во серијата „The wire“ и „Friday night lights“, но исто така оваа година доживеал пресвртница во неговата кариера во улога на Оскар Грант. Приказната на филмот „Fruitvale Station“ е базирана на вистинска приказна, а се работи за првиот филм на режисерот Рајан Куглер. Филмот е добро примен и на познатите филмски фестивали.