Градови кои ќе ви платат само за да живеете во нив

Различни градови на различни места на светот имаат различни причини и начини како да привлечат повеќе жители.

Едноставно, некогаш тоа го прават за да ги направат посреќни оние кои веќе таму живеат.
Ова се 4 градови кои ќе им плаќаат на сите кои би сакале да живеат во нив.

1. Нијагарини Водопади, САД

Со цел во овој град да се привлечат млади луѓе, градските власти отплаќаат до 7.000 долари студентски кредит на секој млад дипломиран човек кој ќе им се досели. Станува збор за град кој денес има 48.000 жители, а какви проблеми со населението го мачат, може да се види од статистките ако се вратиме во минатото.

2. Понга, Шпанија

Парови кои овде ќе се венчаат од локалните власти ќе добијат по 3.200 долари кои можат да ги потрошат на што сакаат. Во ова место во покраината Астурија денес живеат нешто повеќе од 600 луѓе, во индустријата вработен е само еден жител, а во градежништвото само седум.

3. Детроит, САД

Овој град започна со програмата „Challenge Detroit“ со која нуди 2.500 долари на работно способните лица кои се подготвени да се преселат во овој град. Најнаселениот град во државата Мичиген денес има 670.000 жители. Во што е тогаш проблемот? Проблемот е во тоа што градот кој некогаш бил средиште на автомобилската индустрија до 2000 година имал 950.000 жители.

4. Кејп Бретон, Канада

Навистина вреди да се преселите овде. Станува збор за остров во државата Нова Скотиа, на северозапад од Атлантскиот океан. На овој остров живеат 132.000 луѓе.
Секој жител на овој град добива загарантиран месечен доход од 1.000 долари како социјален експеримент. Овој град не се соочува со недостаток на луѓе, дури толку им оди добро што експериментираат со тоа секој жител да има загарантирани месечни примања, со цел да се укине егзистенцијалниот притисок. Се чини дека експериментот ќе им помине одлично.