10 Животни лекции на Харви Спектер

„SUITS“, тоа е инспиративноста – чувството кое ви се создава додека ја гледате, кое ве држи кога ќе престанете и спонтано ги менува вашите погледи за професионалниот живот. Харви Спектер е успешен адвокат во престижна адвокатска компанија, кој е познат по својот остроумен шарм и по тоа дека секогаш победува.
Синоним за успех и главна причина што оваа серија е толку успешна. Издвоивме некои од неговите најдобри цитати.

1. “Победниците немаат изговори.”
2.  “Тоа е разликата меѓу мене и тебе. Ти сакаш да ги минимизираш загубите, јас сакам да освојам се.”
3. “Ако сте во безизлезна ситуација, победете со тоа што ќе ги смените правилата.”
4. “Не е фалење ако е вистина.”
5. “Оставете ги да хејтаат, бидете сигурни само да го изговараат вашето име точно.”
6. “Јас немам соништа, јас имам цели.”
7. “Било кој може да ја работи мојата работа, но никој не може да биде како мене.”
8. “Секогаш имаш избор.”
9. “Кога ќе ве притиснат до ѕид, срушете го.”
10. “Јас верувам во напорна работа, не се наслонувам на среќа.”