ХУМАНОСТА – Најголемата доблест

Image result for giving coffee to a people without money
„Влеговме во еден мал кафе бар со еден пријател и ја кажавме нашата порачка. Додека се упатувавме до масата, двајца луѓе влегоа и веднаш отидоа до шанкот.”
“5 кафиња ве молам. Две за нас и три одложени“. Тие платија за нивната порачка, зедоа две кафиња и си заминаа. Јас зачуден, го запрашав мојот пријател:
„А какви се тие „одложени“ кафиња?
„Почекај и ќе дознаеш“, ми рече тој.
Влегоа уште некои луѓе. Две девојки дојдоа до шанкот, порачаа кафе, платија и си заминаа. Следната порачка беше 7 кафиња и беше направена од 3 адвокати – три за нив и четири „одложени“.
Додека сеуште се запрашував што е работата со овие „одложени“ кафиња,  уживав во прекрасното сончево време и прекрасниот поглед кон плоштадот пред кафе барот. Одеднаш, еден човек облечен во неуредни алишта влезе во кафе барот и запраша:
„Дали имате одложено кафе?“
Едноставно е – луѓето плаќаат однапред за кафе наменето за некој којшто не може да да си дозволи топол пијалок. Традицијата со одложеното кафе започнала во Неапол, но се раширила низ целиот свет и не само што некаде можете да порачате одложено кафе, туку и одложен сендвич или цел оброк.