Иднината е пред нас: Компанија отпушти 34 вработени и ги замени со вештачка интелигенција

Јапонска компанија отпушти 34 работници и ги замени со специјален систем за вештачка интелигенција.

Осигурителна компанија вложила во систем кој што работи со вештачка интелигенција која што ги пресметува исплатите на корисниците на нивните полиси. Со ваквиот потег, компанијата Fukoku Mutual Life проценува дека продуктивноста ќе скокне за 30 проценти.

За технологијата со вештачка интелигенција платиле 1,6 милиони евра, а благодарение на вештачката интелигенција, сметаат дека најмалку годишно ќе заштедат до 1 милион евра, вклучено со сите трошоци за одржување.Во оваа јапонска компанија, од сега па натаму вештачката интелигенција ќе процесуира илјадници здравствени документи на клиентите. Во состојба е да врши пресметки по одредени зададени варијабли, како должината на престојот во болница, претходни операции и здравствени проблеми и слично.

Системот се темели на Watson Explorer технологијата на IBM, а од таму велат дека станува збор за технологија која што „може да размислува како човек“, а покрај тоа, вештачката интелигенција може да ги „анализира и интерпретира сите податоци, вклучувајќи го неструктурираниот текст, фотографии, аудио и видео записи“.Иако во Јапонија до неодамна беше актуелна темата дека роботите денес се доволно паметни за да можат да посетуваат факултет, сепак, некои признаваат дека вештачката интелигенција и натаму има недостатоци.

Вештачката интелигенција не е добра во одговарањето на оние видови на прашања кои што бараат способност на сфаќање преку широк спектар“, вели Морико Араи, професот на јапонскиот Национален институт за информатика.