Илон Маск сака да не подготви за најлошото

Илон Маск сака да нè подготви за најлошото. Извршниот директор на „Спејс екс“ има препорака за книга чиј автор е Макс Тегмарк, професор на Институтот за технологија во Масачусетс. Книгата раскажува за тоа како вештачката интелигенција ќе го промени секој аспект од општеството.
Related image„Вреди да се прочита „Life 3.0 од Тегмарк. Вештачката интелигенција ќе биде најдоброто или најлошото нешто за човештвото“, пишува Маск на својот профил на „Твитер“.
Oва е клучна област на која се фокусира Маск, кој минатата година ја основал интерфејс-компанијата за поврзување на компјутерот со мозокот, со цел да се подготви за овие претстојни промени. Спојувајќи ги биологијата и машинската интелигенција, Маск во интервју вели дека тие би можеле да му помогнат на човештвото да избегне ситуација во која доминираат машините, бидејќи и двете формираат симбиотски однос.
Со ова на ум, лесно е да се види зошто Маск е заинтересиран за делото на Тегмарк. Самиот Тегмарк го основал Институтот за иднина на животот со цел да ги проучува егзистенцијалните закани на човештвото. Во 2015 година Маск донирал 10 милиони долари за оваа фондација.
Описот на книгата вели:
„Како можеме да го зголемиме нашиот просперитет преку автоматизација, без да ги оставиме луѓето без приходи и без цел? Какви совети за кариерата треба да им дадеме на денешните деца? Како можеме да создадеме постабилна вештачка интелигенција, без таа да има некаков дефект? Дали треба да се плашиме од трката за вооружување? Дали машините ќе нѐ победат во сите задачи, и ќе ги заменат луѓето на пазарот на трудот? Дали вештачката интелигенција ќе му помогне на животот да процвета како никогаш порано или ќе ни даде повеќе моќ отколку што можеме да се справиме?“
Но некои истражувачи стануваат „уморни“ од постојаните предупредувања на Маск за доминацијата на вештачката интелигенција. Истражувачот Франсоа Хоплет изрази скептицизам кон мислењата на Маск, тврдејќи дека иако машинското учење влошува некои проблеми, сепак не е јасно дали воопшто создава нови.