Интелигентните луѓе се „ноќни птици“

Не се чувствувајте лошо ако сте од оние луѓе кои често ја користат опцијата snooze и наутро го одложуваат алармот неколку пати. Според најновите истражувања, луѓето со вакви навики се поинтелигентни и покреативни.

Ако си легнувате подоцна и секое утро го одложувате алармот по пет до десет минути, полесно се прилагодувате на модерниот начин на живеење.
Луѓето кои го слушаат своето тело и неговата потреба за сон, а не им робуваат на часовникот и на времето, се наклонети да размислуваат независно.
За потребите на истражувањето биле испитувани навиките на спиење на 130 студенти, а потоа им бил мерен коефициентот на интелигенција.
Според психолозите, просечниот коефициент на интелигенција и начинот на спиење и будење дефинитивно се поврзани.

Луѓето од дамнешни времиња биле навикнати да си легнуваат со првиот мрак, а да се будат о првите сончеви зраци.
Според психологот Сатоши Каназава од Лондон, просечните мозоци се програмирани да го следат овој распоред на спиење, но поинтелигентните сакаат да се спротивстават на тоа и да создадат свои шеми и распореди.
Истражувањето покажало дека студентите со коефициент на интелигенција под 75 одат во кревет барем половина час пред полноќ, а оние со повисок од 125 половина час по полноќ.
„Интелигентните луѓе се ноќни птици“, стои во заклучокот од истражувањето.