Како да го искористите максимумот во овој период од годината

При крај сме на уште една година, крајните неколку недели се едни од најинтересните во текот на целата година. Може да се рефлектираме на тоа што сме постигнале во текот на оваа година, а исто така и да направиме план што сакаме да смениме во наредната. Овој период претставува транзиција затоа што завршуваме со една етапа од животот и почнуваме со нова.
Related imageИсто така во текот на овие недели треба да завршиме голем дел од нашите работни обврски, бескрајни рокови, голем број на општествени собири и ред други работи кои може да не чуваат во фаза каде што ќе бидеме расеани.
Може да биде измачувачки!
Кога сме натрупани со обврски како горе наведените, многу е битно да останеме фокусирани. Има три начини кои се препорачани за да го одржат вашиот фокус:

Image result for thankfulЗаблагодарете се

Сега е време да им се заблагодарите на сите оние кои ви помогнале 2017 година да ви биде успешна на секое поле во животот. Многу од нас ги земаат работите здраво за готово кога е во прашање благодарноста спрема некој кој ни помогнал, затоа искористете ги овие последни неколку недели од оваа година да надокнадите за благодарноста која сте заборавиле да ја искажете.
Појдете на ручек, подарете цвеќиња или само еден муабет за да им дадете до знаење дека во текот на оваа година тие постигнале нешто со тоа што на момент ви го направиле животот поубав. Ќе се осетат подобро, а со самото тоа и вие самите ќе ја осетите таа среќа.

Image result for organizeОрганизирајте се

Организирајте ја својата работна средина. Средете ги сите насобрани документи кои ги имате расфрлено на разни места, средете ги датотеките на вашиот компјутер.
Истражете за нови софтвери кои ќе ви помогнат за организирање на вашата работа, исто така ослободете се од сите работи кои што повеќе не ви требаат. Никогаш не е добро да ја започнете новата година неорганизирани. Направете ги овие работи и ќе бидете благодарни на самите себе.

Image result for make planНаправете план за наредната 2018 година

Кога веќе сте се организирале и направиле горе наведените работи, време е да напишете еден план за тоа што сакате да постигнете во наредните 100 дена од новата година. Првите неколку месеци од секоја нова година знаат да бидат клучни за останатиот период од таа година, затоа е многу битно да имате добар старт.
Запишаните цели и планови за првите 100 дена ќе ви го овозможат тоа така што кога ќе правите проверка на вашите достигнувања и гледате дека ги елиминирате на вашата листа ќе осетите исполнетост и сигурност дека тоа ќе биде уште една успешна година.