Изненадувачки факти за тоа дали ќе ја добиете работата

Веќе е познато дека на интервју за работа мора да се појавите точно навреме, да бидете соодветно облечени и секако, да се претставите себеси во најдобро можно светло.
Постојат неколку детали кои потсвесно може да влијаат на резултатите од разговорот.
Image result for job interview
Најдоброто време за одржување на разговор за работа е во вторник во 10:30 часот. Причината за тоа е тоа што луѓето се повеќе продуктивни во вторник и нема да бидат во брзање. Исто така, самото време на одржување на интервјуто е добро бидејќи не е премногу рано, така што личноста која ќе ве интервјуира веќе стигнала да ја прегледа електронската пошта и да се напие кафе.
Не е добро да се наоѓате последни на списокот на закажани за разговор, со оглед на тоа што личноста која ќе ве интервјуира нема да ви обрне многу внимание, бидејќи веќе ќе размислува за обврските кои ги има за другиот ден.
На Универзитетот во Торонто дошле до заклучок дека кандидатите остваруваат послаби резултати во текот на деновите кога паѓа дожд. До заклучок дошле после 6 години и споредување на резултатите на скоро 3.000 кандидати.
Image result for job interview
Без оглед на вашите квалификации, влијанието кое ќе го оставите на потенцијалниот работодавец зависи и од она како се покажале другите кандидати, така што ќе биде тешко доколку истиот ден разговарале со „посилни“ кандидати.
„ScienceDaily“ истакнува дека помалку нарцисоидните личности поминуваат подобро на разговорите за работа, и пред се` бидејќи не се чувствуваат непријатно кога се фалат самите себеси.
Работодавците се интересираат како се однесувате со другите луѓе, па многу од нив ќе ги прашаат своите асистенти каков бил вашиот контакт со нив.
Дали ќе бидете избрани како идеален нов вработен зависи и од тоа дали ќе прифатите кафе кое работодавецот ви го нуди.
Image result for job interview
Ако во текот на разговорот ви понуди уште нешто за пиење, немојте да прифаќате, особено не ако станува збор за кафе. Никој не сака да изгуби уште неколку дополнителни минути за порачување, а уште помалку за подготвување на кафето, бидејќи имаат преполн распоред.
Според некои истражувања сината и црната боја се најдобар избор за облека, а портокалевата е најлош. Затоа држете се до поконзервативните нијанси.
И за крај, не заборавајте дека не ве оценуваат само врз основа на одговорите кои ги давате, туку и врз основа на прашањата кои им ги поставувате на потенцијалните работодавци.