Откријте го јапонскиот рецепт за деловен успех

Јапонците отсекогаш биле познати како највредни луѓе на планетава. Тајната на нивниот успех не е само во совршената организација на времето и работата туку и во дисциплината и беспрекорното уредување на рабниот простор. Дознајте како успеваат целата енергија да ја насочат на работата.

Image result for japan working

Јапонците своите канцеларии и работен простор ги доведуваат во совршена состојба, почитуваќи го принципот 5S, 5 акции кои на нивниот јазик започнуваат со буквата S.
1. SEIRI-Дефинирање
Овој принцип подразбира поделба на работниот материјал, на неопходен, итен или непотребен. Се што ви е неопходно ставете го во зелена кутија, се што не ви е итно во црвена, а она што не ви е потребно веднаш фрлете го.
2. SEITON-Уредување
Тоа пред се значи правилно сместување на потребниот материјал за работа, за да гo користите што подобро и поефикасно. Се што ви е неопходно мора да биде во ваша близина, а материјалот кој го користете од време на време уредно сместете го во плакарот.
3. SEISO-Чистење
Чистењето на работниот простор е многу важен дел во организацијата на работата. Целта е да создадeте амбиент без прашина, кој ќе ви помогне да се чуствувате пријатно во својот работен простор, но и да работите многу поефективно.
4. SEIKETSU-Контрола
Многу е важно секогаш два пати да го контролирате она што сте го направиле. Можеби ќе загубите некоја минута, но сигурно ќе се уверите дека сте ја завршиле работата како што треба. На овој начин ќе постигнете подобри резултати, а квалитетот ќе биде на повисоко ниво.
5. SHITSUKE-Дисциплина
Дисциплина односно тренинг на која се учат сите вработени за да можат да се придржуваат на сите наведени правила. На овој начин се создаваат работни навики во компанијата за сите вработени да работат како тим.