Како да го мотивирате вашето дете повеќе да учи?

Иако вештините со кои се стекнува во училиште се од суштинско значење за интелектуалниот и социјален развој на вашето дете, не помалку значаен е и светот на идеите кои вие имате задача да му го откриете.
Желбата да открива нови работи преку проширување на неговиот видик, ќе има влијание и врз задачите кои ги извршува во училиште.

1. Исполнете го светот на детето со книги

Одберете некоја интересна книга и започнете наизменично да ја читате со вашето дете. Може да создадете и семејна традиција, литературни вечери, на пример, во кои секој член од семејството ќе чита по еден краток извадок од книгата која ја чита во моментот. Оваа традиција, дури и без да ја планирате, најверојатно ќе поттикне и дискусија, која ќе биде многу полезна за вашето дете.

2. Охрабрете го детето да го изрази своето мислење и да прави сопствени избори.

Нека детето само избере гарнир за вечерата, дајте му слобода само да учествува во вон наставни активности. Побарајте од него да учествува во донесувањето на семејни одлуки и покажете му дека го цените неговото мислење.

3. Внимавајте на новите работи кои и вие ги дознавате

Дискутирајте со детето за различните начини преку кои барате и откривате нови информации, без разлика на темата. Кажете му што ви го привлекло вниманието и како сте дошле до тоа. Барајте заедно дополнителни информации за нештата за кои тоа се интересираImage result for kid in business

4. Помогнете му да постави ред во учењето дома

Ако задачата која ја има за домашно изгледа премногу застрашувачка и тешка, тогаш детето ќе помине повеќе време во грижа, отколку во учење. Бидете во близина и доколку забележите дека ова се случува понудете му помош

5. Фокусирајте се на неговите квалитети, а не на неговите недостатоци.

Кога детето има проблем со математиката, но во исто време пишува неверојатни есеи – подарете му помагало со задачи, а додатете и убав тефтер. Така ќе гo зајакнете неовиот талент и ќе му помогнете со тешкотиите без да му наметнувате чувство на помала вредност.

6. Разговарајте за различни настани од секојдневниот живот

Охрабрете го детето да се интересира во различни теми од секојдневниот живот и свет, да се вклучува во интересни разговори и да се запознава со нови луѓе.