Како да го препознаете вашиот бизнис ментор?

monks

Во претходната статија зборувавме за вредноста на бизнис менторот и зошто секој претприемач треба да има таков. Сега откако знаете дека е важно да имате бизнис ментор и сте одлучиле дека ќе најдете својот, доаѓа прашањето како да се запре на вистинскиот.
Откривањето на човек кој е подготвен да посвети дел од своето време на вас и вашиот бизнис не е лесно, а уште повеќе нема да се случи веднаш.
Наоѓање на прав бизнис ментор е пат кој започнува со познанство и поминува низ градење на односи и подготвеност за поддршка, дури и од ваша страна.
Што е она што ви треба?
Процесот започнува од вас – од тоа да знаете каква е насоката во која сакате да се зголеми вашиот бизнис. Идентификувај го она што сакаш да го добиеш од својот ментор – совет за маркетингот, продажбата, целокупната насока на развој на бизнисот или пак посебен контакт и врска со инвеститор.
Без да знаете што на вашиот бизнис му треба, нема да знаете и каков точно е човекот кој го барате за свој ментор.
Потенцијални начини преку кои можете да најдете бизнис ментор:
Пријатели и семејство
Чичковци, тетки, браќа и сестри – тие се првите луѓе со кои треба да споделите дека сакате да најдете бизнис ментор. Може да се покаже дека некој од нив го знае човекот кој ќе ве охрабри и поддржи со знаење и искуство во бизнисот.
Нетворкинг настани
Нетворкинг настаните се добар начин да се запознаете со луѓе кои можат да ви дадат совет или нова идеја за развој на вашиот бизнис. Сепак, вие не барате еднократен совет од човек со кој штотуку сте се запознале, вие барате искусен ментор во вашата сфера кој може да ви помогне во конкретните потреби и редовно да ви посветува време кое и тоа како ќе ви е потребно.
Тоа значи дека нетворкинг настаните се опција за првично познанство со искусни луѓе. Клучно во случајот е изградба на добри односи кои потоа можат да се пренесат кон бизнисот.
Вашата мрежа од лични познаници
Истражете ја својата мрежа на познаници, пријатели на семејството, професори од Универзитетот, поранешни работодавци, професионални контакти кои сте ги запознале на настани и обуки.
На кои од овие луѓе се восхитувате? Кој од нив бил ваш идол? Со кого веќе сте соработувале и сметате дека може да ви помогне долгорочно?
Ако на прво читање не се сеќавате, можете да се побарате низ контактите со кои располагате на социјалните мрежи. LinkedIn e добро место за изнаоѓање на искусни луѓе во областа на вашиот бизнис.
Голема е и веројатноста да се судрите со вашиот бизнис ментор сосема случајно, без тоа да е ваша конкретна цел. Често случајните нешта испаѓаат најплодни, па ако имате проблеми со наоѓање на бизнис ментор, едноставно оставете околностите да се наредат без да ги форсирате.
Како што веќе нагласивме, наоѓањето на ментор е процес, а не еднократен настан. Ако треба да се сумира сето кажано до тука:
Вртете ја главата постојано, вашиот иден бизнис ментор може да е насекаде;
Придонес за развојот на луѓето околу вас, за да имаат и тие желба да придонесат кон вашиот развој;
Бидете трпеливи во односите и градење стабилни врски.

Ако сметате дека статијата била корисна за вас, споделете ја со своите пријатели, а ако мислите дека има што да дополниме во неа, кажете ни во коментарите.