Како да ја манифестираш твојата желба за пари?

Како што ги замислуваш и другите работи, и во однос на парите и богатството, неопходно е да се почне од базичната основа : јасност. Треба да бидеш јасен што сакаш, како да дојдеш до пари, и на кој начин да го направиш тоа.
Related imageБез разлика дали сакаш да дојдеш до огромна сума на пари, да обезбедиш доволно за тебе и твоето семејство или пак едноставно сакаш да имаш “нормален” живот, постојат 3 чекори со помош на кои можеш да ги направиш најјасните и најмоќните парични пресврти во животот.
Универзумот не може да ти помогне ако не си јасен што сакаш или што сакаш да направиш.

1. Размислувај

Секогаш размислувај за себе и другите како да сте сосема богати луѓе. Без разлика на социоекономскиот статус, твојот став треба да биде за секој човек со кого се среќаваш дека е полн со богатство. Не се фокусирај на сиромаштијата, фокусирај се на богатството. Богатството е искуство: животно искуство, мудрост, знаење, и многу други работи. Се она од кое имаме многу.
Кога подолг период се соочуваме со недостиг на пари, најчесто се фокусираме на тоа зошто немаме пари, наместо да го насочиме нашиот фокус кон тоа како да ги направиме. Ние го привлекуваме она за кое размислуваме, па кога ќе се фокусираме на нашиот дефицит, тогаш ја активираме енергијата на недостиг на пари во нашите животи.
Ние вешто знаеме да ги идентификуваме сите работите кои не се во ред и треба да се поправат. А многу ретко сме задоволни со работите кои се во ред.
Размисли за тоа што го имаш на располагање и фокусирај се да го привлечеш тоа што го посакуваш.

Related imageМногу малку е потребно за да имаш среќен живот, сето тоа е во тебе, во твојот начин на размислување “ – Marcus Aurelius

2. Знај

Знај што сакаш, знај што е она што ти е потребно, и направи простор за истото. Ти не можеш да си дозволиш нешто ново, ако немаш простор за истото. Свесното дејствување на твоето знаење и желби создава доследна привлечност. Кога ќе направиме место, универзумот ќе го пополни.
На универзумот не му треба празен простор, цело тоа треба да се пополни. Има луѓе кои прават постојано преместување, прераспределба со цел отворање на простор за нови работи. Тоа навистина прави разлика, тоа значи иницијатива.
Ова е за намерата што стои позади акцијата. Со преземање на акција, и движење на работите, знаејќи што сакаш да постигнеш, ќе привлечеш нешто ново. Биди внимателен и конкретен за акциите кои ќе ги преземеш и последиците кои ќе ги добиеш. Најди го најдобриот начин за привлекување на посакуваната сума на пари.
Ако си јасен со твојата намера и знаеш што точно сакаш, тогаш лесно можеш да ги идентификуваш работите кои те блокираат.

3. Чувствувај

Почувствувај го она што го сакаш, како веќе да се случува. Фокусирај се на тоа како сакаш да изгледа твојот живот и која е сумата на пари која ти ја посакуваш, и навистина ќе се чувствуваш како тоа да се случува. Ако сакаме да патуваме на некое топло место, можеме да го почувствуваме песокот на нашите нозе и топлото сонце на нашата кожа, како и топлото ветре, нели !
Колку пореално е нештото кое го посакуваш, толку поголеми се шансите да се случи истото. Кога нешто е можно, тоа може да стане реалност. Искористи ја својата желба за да ја прикажеш реалноста каква што ја посакуваш. Запомни, замислувај и посакувај го ова секојдневно!
Праќај позитивни мисли до универзумот, и само тогаш тој ќе дејствува во твоја корист!