Како да ја промениш твојата кариерата за 180 степени

Без разлика дали причината е дека едноставно тоа што досега го работеше во еден момент прекина да те исполнува или одлучи дека сега е вистинскиот момент да се посветиш на дизајнирање, затоа што – зашто да не?, имај на ум дека промена на кариера за 180 степени е неверојатно возможно.
Не рековме дека е едноставно и дека не подразбира неверојатна доза на храброст, рековме дека е изводливо, неверојатно забавно и никогаш не е предоцна. Можеби е време да прекинеш да го повторуваш оној муабет дека отсекогаш сакаше да бидеш филмски критичар за онлајн магазин и да преземеш нешто околу тоа. Дури и да не успееш да станеш астронаут за НАСА – ќе знаеш дека си се обидел.
Продолжете да скролаш и ѕрини ги нашите совети за како подобро и полесно да ја изиграш промената на кариера.

Најпрвин препознај го твојот „аха-момент“

Сигурен си дека нешто на работа не е како што би требало или би можело да биде, ама можеби не можеш лесно да дефинираш што е тоа. Додека можеби причината е дека во канцеларија не ти влегува доволно дневна светлина во денот, од друга страна, може и да е добар индикатор дека е време за промена.
Размисли, задлабочи се и темелно отиди до најдалечната точка. Размисли ги предностите и негативните страни кај твојата моментална работа. Ако ти е полесно – направи и листа. Во одреден момент ќе налеташ на „аха-момент“, клучен за да сфатиш што е проблемот пред да почнеш да го решаваш.

Одреди ги твоите цели

Ако веќе ја имаш одредено работата што ја посакуваш, и која најверојатно е во целосно друга индустрија, тогаш најпрвата работа која треба да ја направиш е анализа на вештините кои е потребно да ги совладаш.
Друга опција е дека си убеден дека ти треба промена на кариера, ама не знаеш конкретно каква. И овој чекор почнува со добра сесија размислување. Разгледај ги во глава темите за кои секогаш читаш или хобито кое отсекогаш сонуваш да го започнеш. Да, тешко е да се препознае „пасија” во класична смисла на зборот, ама мора да почнеш од некаде. Затоа, далеку е полесно да ги препознаеш работите што те интересираат и кои секогаш ги наметнуваш како тема на разговор во друштво. Запиши ги на лист хартија сите идеи што ќе ги добиеш, од таму многу полесно ќе заклучиш што им е заедничко на сите.

Пронајди ментор

Верувај, ништо не е помотивирачко и покорисно од добар ментор. Иако исто толку е тешко да се најде. Разгледај околку себе – можеби тоа ќе биде некој пријател што веќе е успешен во индустријата во која сакаш да работиш. Откако најверојатно ќе поминеш добра количина на време и енергија барајќи го, од него ќе ги научиш сите трикови и правила на игра за работата која ја посакуваш.

Верувај во себе

Да, звучи како мото од лоша реклама за парфем, ама можеби причината зошто е толку клише оваа изјава е дека е вистинита? Биди подготвен дека некои од твоите најблиски нема да бидат возбудени околу твојата голема одлука. Некои од нив нема да те разберат, некои ќе те советуваат да играш безбедно, а трети нема ни да се потрудат.
Не дозволувај тоа да ти ја наруши самодовербата. Ова е твоја одлука, и иако неверојатно е добро да имаш поддршка од најблиските, сепак треба да ја донесеш и без нив. Остани силен и одлучен, не се препуштај на долги бранења и објаснувања на твоите ставови. Добар совет е дека големите одлуки се споделуваат строго со најблиските, оние кои знаеш дека секогаш, секогаш ти посакуваат најдобро.