Како да успееш во Македонија?

Многу од нас граѓаните на Република Македонија често знаеме да кажеме колку е тешко да се успее во оваа држава и како тоа се зависи на која политичка партија и припаѓаме. Исто така знаеме да се пожалиме дека баш индивидуално секој од нас “нема” среќа.

Image result for tose proeski

Да се вработиш за некоја плата од 300 до 500 евра не е некој успех, а второ има вистина во тоа дека нашата држава не е една од најсјајните и секогаш го бираме оној полесниот пат каде што дозволуваме некој од некоја партија да не купи со работно место од 300 евра или да не постави некаков си директор, не воочувајќи дека полека стануваме слуга на тој што “великодушно” ни ги понудил горенаведените работи.
Основно е секој од нас да ја разбере својата дефиниција за успех!!! Да преземе одговорност за своите постапки и наместо оправдувања дека се некој му е крив, треба да се преиспита каде греши и што прави добро.
Да имаш пари, не значи дека си успеал. Да го реализираш својот сон, е тоа е успех.
Во секој дел од оваа планета успехот бара посветеност, упорност, работа, пасија, самокритичност и најбитно од се, да одолееш на движењето по кратки патеки кои во моментот изгледаат како решение на сите проблеми. Равенката е секаде иста, па затоа и во Македонија не е различно.
Според мое мислење има 3 основни работи кои треба да се променат кај секој Македонец за да тргне кон патот на успехот:
  • Престанете да се жалите

Прва промена која треба да ја направите е да престанете да зборувате пред вашите другари и луѓето околу вас дека ви е најтешко и како работите не чинат баш за вас, додека вашиот ден се состои од пиење 3-4 кафиња со истите луѓе секој ден. Никој не ви е крив!!!
Затоа запомнете ја изреката – “Доколку не правиш никаква промена, секогаш ќе го добиваш истиот резултат”…
  • Ослободете се од токсични луѓе

Доколку го надминете проблемот од првата точка. Треба да ја согледате и реалната слика со какви луѓе сте опркужени. Доколку имате идеја и желба да се движите напред, да постигнете нешто во вашиот живот… Не обрнувајте внимание на оние кои сакаат да ве влечат назад. Внимателно бирајте го своето опкружување, дружете се со луѓе кои имаат високи цели како вас, а доколку сеуште се наоѓате во друштво на “токсични” пријатели, не е доцна да се извлечете.
Во овој случај запомнете ја изреката – “Со кого си, таков си!”…
  • Преземете акција

Ние сме доста познати по тоа како секогаш имаме решение за се… Меѓутоа немаме никаква идеја како да го реализираме тоа. Затоа што многу е полесно да не преземаш ништо, а да зборуваш колку лесно е решлив секој проблем. Проблемот е во тоа што мислиме дека се знаеме, а во суштина ние не го ни разбираме процесот на самиот проблем. Почнете да бидете самокритични, на тој начин ќе развиете самодисциплина која ќе ви помогне зборовите да ги претворите во акција.
Затоа една од најдобрите изреки е – “Остави делата да зборуваат за тебе”…

Дали се пронаоѓате во горенаведениот текст??? Дали сте спремни да чекорите кон вистинскиот пат на успехот??? Тоа се прашања кои треба да си ги одговорите!!!
Јас како Македонец знам дека ќе успеам, а ВИЕ???