Како од ништо до 1 милијарда?

Колку од 73-те само-направени милијардери во светот биле во полоша ситуација отколку што си ти во моментов  кога почнале? Да бидеме појасни, дали е возможно за повеќето од нас да одиме од нула до билион? Да. Еве како.

Ако се прашувате дали топ 100 најбогатите луѓе во светот ги добиле своите пари од некој друг или ги направиле сами – ќе бидете во право ако претпоставите дека повеќето од нив ги имаат направено сами. Но, може и да сметате дека овие само направени милијардери имале предности кои вие ги немате.

from-poor-to-rich-billionare-infographicОд 0 до милијардери, како?

Сепак , татко му на Марк Цукерберг е стоматолог. Секако дека тоа не би му помогнало да стане милијардер. Впрочем стоматолог не може да биде од голема помош кога се работи за програмирање. Но, може и да сметате дека кога имате татко стоматолог не мора да се грижите за тоа што ќе имате за јадење наредниот ден.

Не можеме да негираме дека Сергеј Брин е само-направен милионер, но сепак може да сметате и би биле во право дека татко му или дедо му, и двајцата математичари, имале огромно влијание во тоа да тој студира математика.

Значи ако вашиот татко е таксист, ако немате татко воопшто, дали сеуште имате шанса да станете милијардери? Очигледно, ДА!!! Истражувајќи ги 100 те најбогати луѓе во светот, сите милијардери се разбира, ќе посочиме 8 од апсоултно скромно потекло. Всушност, дури и полоши од просекот. Згора на тоа, тие никогаш не добиле диплома:

  • Лари Елисон, основачот на Oracle, сирак
  • Ли Ка-Shing,  познат инвеститор од Хонг Конг, сирак
  • Леонардо дел Векио, основач на Luxottica, сирак
  • Амансио Ортега, основачот на Zara, син на работник на железница
  • Џон Фредриксен, нафтениот магнат, син на заварувач
  • Шелдон Аделсон, основачот на “Las Vegas Sands”, син на таксист
  • Ингвар Кампрад, основач на ИКЕА, син на фармер
  • Франсоа Пино, францускиот колекционер на уметнички дела, син на дрвар

(Роман Абрамович, рускиот милијардер и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи ќе биде број 9 на листата, но тој доби диплома по право во подоцнежниот дел од животот. Значи, технички тој има диплома. Но, во спротивно тој беше сиромашен сирак.)