Како успехот го менува карактерот?

Научниците посочуваат дека разликата во парите создава разлика и во однесувањето и дека секогаш ги развиваме оние вештини кои ни се најкорисни. Така, богатите секогаш може да изнајмат помош во домот доколку им е неопходна.
Една мудра изрека вели – „додека се качуваш по скалите на успехот, секогаш поздравувај ги оние кои ги сретнуваш бидејќи можеш да ги сретнеш повторно кога ќе се симнуваш“.
Меѓутоа, ова е тешко да се примени во пракса.
Не е мал бројот на успешни поединци на кои славата им удрила во глава, покажува истражување спроведено во Холандија и САД.
Related image
За потребите на истражувањето биле споени странци кои едни на други си зборувале за тешкотиите со кои се соочуваат, од развод до смрт на блиска личност. Поуспешните поединци во паровите покажале помалку сочувство од помалку успешните.
Во текот на разговорот, влијателните помалку потврдувале со главата и ретко се насмевнувале. Наместо тоа, тие честопати покажувале несогласување и го прекинувале разговорот, додека ретко обрнувале внимание на кажаното.
Научниците посочуваат дека разликата во парите навистина создава разлика и во однесувањето и дека секогаш ги развиваме оние вештини кои ни се најкорисни.
Така, богатите секогаш може да изнајмат помош во домот доколку им е потребно, додека сиромашните мора да ги користат своите социјални вештини за да го убедат соседот да им го чува детето додека се на работа, пишува „Новости“.