Дали треба да ја покриете камерата на вашиот лаптоп?

Многу луѓе, вклучително и самиот Марк Закерберг, ги покриваат камерите на своите лаптопи. Како што стојат работите, паранојата не е без причина.

Image result for hide camera on your laptop

Меѓу нив е и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Ками, кој неодамна во едно интервју изјави дека „е паметно секогаш преку камерата да се стави лента“.
Исто така, низ светот се прошири фотографијата од Марк Закерберг, каде зад неговиот грб се забележува неговиот лаптоп со лента преку камерата.
Иако е сосема логично дека хакерите ќе се обидуваат да стигнат до компјутерите на директорот на ФБИ и на Закерберг, прашање е дали и „обичниот свет“ треба да биде загрижен.
Еден од мотивите може да биде и уцена, со оглед  дека хакерот може да ве сними во некој непријатен момент и тоа да го искористи за изнудување. Единствениот начин на кој може да го направи тоа е да воспостави целосна контрола врз вашиот компјутер. Ова значи дека таа хакерска процедура е слична со другите видови напади од далечина и вклучува наведување на корисникот да кликне лажен линк. Така компјутерот инсталира програма која ќе му овозможи  непречен пристап на напаѓачот.
Не се надевајте дека ќе можете да препознаете што се случува, на пример дека ќе забележите ЛЕД ламбичка покрај објективот на камерата. Можете да се заштитите така што ќе го затворате лаптопот кога нема да го користите, со преземање на најнови ажурирани антивирусни и други безбедносни програми , со редовно чистење на компјутерот од малвери и со избегнување  да отворате непроверени линкови.
Ако после и сите овие мерки на претпазливост сè уште се плашите од „шпиони“, залепете лента врз камерата, токму како што Закерберг го направи тоа.