Пет корисни веб алатки

Google не е единствената компанија која произведува корисни алатки за користење на интернет. Постојат и многу други компании кои го прават истото, но треба да знаете каде да барате.

Ова се неколку корисни работи кои ќе ви ја олеснат работата на интернет, и ќе ви помогнат полесно да обработувате слики, да праќате податоци преку интернет и слично.
Подобрете ја резолуцијата на сликите
Let’s Enhance е бесплатна страна, која е многу лесна за користење. Сѐ што треба да направите е да креирате профил на страната за да ги видите конечните резултати.
Праќајте податоци преку интернет
Апликациите како Dropbox и Google Drive го прават целиот овој процес многу лесен, но некогаш едноставно ви треба набрзина да испратите нешто некому, без притоа да се логирате на вашиот профил или да креирате нов. Пробајте го Firefox Send, дел од пребарувачот Mozilla, кој ви овозможува да праќате податоци брзо и лесно.
Дознајте го времето во различни временски зони
Наместо да го проверувате времето во различните временски зони преку Google, можете едноставно да го ставите TimeAndDate во вашите букмаркс и секогаш да ги имате на дофат часовниците кои ќе ви го покажуваат времето во градот кој вие ќе го одберете.
Направете GIF од буквално сѐ што ќе посакате
Сите сакаат GIF-ови, но мислат дека е многу тешко тие да се направат. Тоа е лага. Ако ги поседувате вистинските алатки, тие се многу лесни за правење. Затоа, секогаш имајте ја при рака GIPHY, и изненадете ги вашите пријатели со GIF-ови од најинтересните моменти.
Конвертирајте податоци во различни формати
Со Zamzar можете да конвертирате секаков формат, без разлика дали се работи за аудио, видео, слика или документ. Доколку сакате да имате пристап до сите опции на страната, треба да платите, но самата бесплатна верзија нуди преку 1.200 различни видови на формати.