Што може да научите од познатиот филм “КУМ”

Што им е заедничко на топ менаџерите во светот и главниот карактер од култната трилогија Кум?
Justin Moore, основачот на компанијата Axcient е вистински бизнис анѓел, а неговата компанија нуди услуги за враќање на изгубените податоци.

Moore, неодамна изјави дека советите за успешен бизнис ги извлекол од неговиот омилен филм, “Кум” на Francis Ford Coppola. Тој смета дека Кум нуди некои вредни совети за функционирање на заедницата и за правење на тим, за донесување на тешки одлуки и остварување на целта, не занемарувајќи ја притоа фамилијата и пријателите.
Една од најважните лекции е славниот цитат “Еден ден, а тој ден можеби никогаш да не дојде, ќе ми затребаш за да ми направиш услуга“.
Тој цитат отсликува како треба да се креира лојална заедница којa ќе ја сочинуваат луѓе на кои сте им помогнале.
Што не е во ред со тебе? Твојот мозок е многу мек“. Тој цитат според Moore, не учи колку е важно да се биде цврст кога е потребно, односно да се остане ладнокрвен,  во одредени ситуации.
Тоа не значи да го отфрлите трпението и разбирањето, туку да се откажете од оние луѓе кои не придонесуваат за тимот.
“Ова не е лично, Tони. Ова е бизнис“. Ако не ја искористите шансата да ги исфрлите своите конкуренти, тие ќе го сторат тоа со вас. Нема тука премногу филозофија, бидејќи сите се стремат кон истото, а победник е само еден. Брутално, но вистинито.