Бизнис лекции од режисерот Квентин Тарантино

Што секој од нас може да научи за бизнисот од Квентин Тарантино?

Related image

Филмовите на режисерот Квентин Тарантино постигнале култен статус, а универзитетите во Америка сега нудат курсеви кои учењето за бизнисот го основаат врз неговата работа.
Зошто неговите филмови се толку популарни и што може да се научи од нив?
„Ликовите на Тарнтино се уверливи. Тие зборуваат јазик кој обичните луѓе го разбираат“, вели Роберт Томсон, професор по ТВ и популарна култура на Сиракуза универзитетот. Тој додава дека иако филмовите на Тарантино се полни со насилство, од нив може да се извлечат лекции кои луѓето би требало да ги знаат за време на вработување и работа со други луѓе.
Секогаш избирајте квалитетни програми за обука
Ликот кој Ума Турман го глумеше во филмот на Тарантино „Kill Bill“, бара одмазда против групата која ѝ го уништи животот и која ја остави да умре на денот на нејзината венчавка. Таа силата ја добива оној момент кога одлучува да побара некој да ја научи боречки вештини. А квалитетната програма за обука е клучот за успехот.
Според зборовите на професорот Тод Девет од државниот универзитетот во Дејтон,  многу пари пропаѓаат скоро секоја година бидејќи компаниите не ги ангажираат вистинските луѓе за обука за нивните вработени. Компаниите мораат да најдат вистински предавачи  и професори, да се погрижат за своите вработени за тие да имаат мотивација да научат нови вештини и потоа да им понудат можност да го искористат научените вештини.
Составете силна екипа
Тарантино за своите филмови избира глумци кои заедно функционираат беспрекорно. Девет вели дека за разлика од него, другите режисери на филмови ангажираат една голема ѕвезда мислејќи дека тоа е доволно за филмот да биде гледан и подоцна се зачудени кога нивниот производ ќе се претвори во чисто промашување.
Така, многу компании веруваат дека постигнуваат успех со ангажирање на кандидат со совршен изглед на неговата биографија. Основната грешка која компаниите ја прават е тоа што не размислуваат како кандидатот со одлична биографија би делувал во пракса и како тој би се вклопил со веќе постоечкиот тим.
Девет вели дека компаниите често вработуваат луѓе чиишто биографии се перфектни, а подоцна откриваат дека тие луѓе никако не функционираат со останатиот дел од тимот.
Изберете квалитет, а не квантитет
Тарантино прави еден филм во неколку години, вели Девет. На секој проект му посветува многу време. Многу компании денес, во трката со конкуренцијата, сака почести промени. „Компаниите имаат ограничени капацитети за промена. Она што е добро за една компанија, не може да биде најдобро и за вашата“, вели тој.
Изберете врвен талент
Тарантино е опкружен со тим со врвен талент, повеќето луѓе со кој работел во текот на својата кариера. Тој не се плаши да разговара со тие луѓе и да слушне што тие мислат за проектите во кои се заедно. Лидерите во компаниите исто така треба да бидат опкружени со луѓе на кои може да се потпрат и луѓе кои не се плашат да кажат што мислат за одлуките на нивните надредени.