Лекции за успех од самосоздаден милијардер

Жанг Ксин е одличен пример за една успешна жена. Од обичен работник во фабрика таа станала магнат побогат од Доналд Трамп и Опра.
Нејзината компанија, „СОХО Кина“, буквално го променила изгледот на Пекинг и Шангај во последните две децении. Според „Форбс“, нејзиното семејство е вредно 3,7 милијарди долари.
Во нејзиното интервју за „Си-Ен-Ен“, таа зборува за нејзиниот живот, од детството до врвот на нејзината кариера. Таа признава дека имала многу неуспеси.
„Но тоа е животот“, вели таа. „Секогаш ќе се соочувате со потешкотии, предизвици и проблеми. Изгледа дека сe е во ред, но сe уште имаме предизвици секојдневно. Таков е животот.“
На прашањето за успехот на жените во Кина во последниот период, таа искрено изјавува дека тоа е поради понудената можност која ја искористиле тие. „Во Кина има многу проблеми, но има и многу можности. Токму поради проблемите работите не се воведени во ред и секој може да го промени тоа.“
Image result for soho chinaКако дел од успехот на работа, Ксин го наведува животот надвор од работата. Таа вели дека е многу посветена на нејзините деца. Секое утро, таа појадува со нив и секоја вечер тие се заедно за време на вечерата.
По вечерата, целото семејство седи заедно и Ксин им помага на децата со домашните задачи. Целите викенди ги поминува со нив и не работи.
„Едноставно, уживам во тоа. Со тоа сфаќам дека светот е многу повеќе од работата.“