Дали знаете? Можете да магистрирате за правење на пиво

Мал но растечки број на универзитети нудат смерови за изучување на науката за ферментација, наука која вклучува изработка на вино, леб, сирење и пиво. На пример како на Орегон Универзитетот или
Универзитетот во Калифорнија – Дејвис, студентите доаѓаат за да го научат процесот на ферментација, и да изградат кариера врз основа на овие знаења.
Неверојатно е дека многу луѓе не ни знаат за постоењето на овие смерови, а се толку барани во денешната иднустрија.
„Студентите се повеќе стануваат свесни за различните видови на пива, кои би можеле да ги комбинираат со различни видови на храна и во разни прилики“ вели Томас Шеламер, професор на Универзитетот Орегон. Тој верува дека студентите гледаат на пивото како на нешто интересно и се заинтересирани.
„Кога го завршив училиштето ја сфатив разлика помеѓу она што треба да го работам и она што ми е интересно“ вели Стjуарт, студент на Универзитетот Орегон кој ја истражува микробиологијата на виното. Тој студирал политички науки, но по кратко време сфатил дека неговите интереси се различни. По патувањето во Европа и средбата со луѓето кои правеле свој леб, сирење, пиво и вино тој сфатил дека сака да го научи процесот на ферментација и да изгради кариера од тоа.
„Секој има нешто што би сакал да го прави секој ден“ – вели тој.
Image result for master studies about beerНо, секој иден студент кој планира да го учи ова треба да биде подготвен да вложи многу труд. Исто така многу е ценето и стажирањето во оваа професија затоа што само така студентите можат да влезат во реалниот свет на подготовката и производството на пиво.
Студентите кои имаат диплома од оваа област им се отвораат многу можности за работа. Тие можат да бидат асистенти, да работат во пивари и винарии, да прават биотехнолошки истражувања или сами да создаваат свои производи.
„Изгледаше како забавна професија која би можел да ја работам цел живот, одличен микс од наука и физичка работа“ вели Ерин Ботенс, студент кој ја завршува последната година на смерот за ферментација на Универзитетот Орегон.