Мал бизнис и старт-ап не е исто! Видете ја разликата

growth

Ако работите во технолошката индустрија, веројатно сте го слушнале поимот “старт-ап” многу пати. Откако ќе ја прочитате оваа статија, голема е веројатноста да вие или човек кого веќе го познавате да е во процес на започнување на свој старт-ап.

Поентата е дека според многумина “старт-ап” е само уште еден термин за “мал бизнис“, додека (како што знаеме) дефинициите на двете се многу различни. За да ги разграничиме овие две организациони форми, ќе навлеземе подлабоко во дефиницијата на “старт-ап“.

“Старт-апот е компанија формирана со цел да расте брзо. Тоа дека одредена компанија е новоформирана, не ја прави старт-ап. Ниту пак е задолжително старт-апот да се занимава со технологија, да зема ризични инвестиции или да направи exit. Единствениот основен услов за да се нарече една компанија “старт-ап”, е потенцијалот за раст. Се друго со старт-апите следува со растот. “~ Стив Бланк

Што претставува еден старт-ап?

Со години инвеститорите во светот ги сметаат старт-апите за помали верзии на големите компании; тоа е проблематично, бидејќи има огромна идеолошка (и организациска) разлика меѓу старт-ап, мал бизнис и голема корпорација која бара различни стратегии за финансирање и KPI индикатори.

Според серискиот претприемач и легенда во Силиконската долина Стив Бланк, старт-апот е “привремена организација формирана да бара повторливи и скалабилни бизнис модели.”

Во контекст на технолошката индустрија (и оваа дискусија), старт-апот треба да се залага за “скалабилни старт-апи“. Овој старт-ап бара не само да го докаже својот бизнис модел, но и да го направи брзо, на начин кој ќе има значително влијание врз актуелниот пазар, што нè доведува и до првата голема разлика помеѓу старт-пот и малиот бизнис.

Скалабилни” старт-апи имаат намера да станат голема компанија

Како што опишува Бланк, основачот на Скалабилни старт-апи,тој не сака само да биде свој шеф; тој сака да го заземе универзумот. Уште од првиот ден неговата намера е да го прошири својот старт-ап во голема дисруптивна компанија.

Тој верува дека налетал на следната “голема идеја“, која навистина ќе ја потресе индустријата, ќе ги земе клиентите на постоечките компании или дури и ќе создаде нов пазар.Тоа е во голем контраст со дефиницијата на мал бизнис, кој го опишува како “независен бизнис, организиран со цел профит, и не-доминантен во својата област.”

Старт-апот е привремен

Организационата функција на старт-апот е да бара повторувачки и скалабилни бизнис модели. Според Бланк тоа значи дека основачот на старт-апот има три главни функции:

  • Да достави визија за производ со одредени карактеристики.
  • Да создаде серија на хипотези за сите делови на бизнис моделот: Кои се клиентите?Кои се дистрибутивните канали? Како ја градиме и финансираме компанијата итн…
  • Брзо да се провери дали моделот е точен, да види како клиентите се однесуваат, дали е тоа како што предвидува моделот.

Старт-апот се финансира поинаку

Додека и старт-апот и малиот бизнис најверојатно ќе започнат со финансирање од заштедите на основачот, неговите роднини и пријатели, или банкарски заем, ако еден старт-ап е успешен, тој ќе добие дополнителни средства од бизнис ангели, и ако има среќа од првично јавна понуда (IPO).

Со секоја серија финансиски инјекции, основачот на старт-апот се лишува од дел од својата компанија – и сите, кои тоа го финансирале, стануваат ко-сопственици на компанијата.

На крајот старт-апот може да престане да постои како независна организација со спојување или стекнување. За сопственикот на малиот бизнис трансфер на контролата на други лица би ја осуетило целта на тоа да има свој бизнис.
Иако и основачот на старт-апот, и сопственикот на малиот бизнис се претприемачи, главната функција и финансирањето на нивните бизнис модели се радикално различни.